Луково — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на селото
Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено осум километри.
До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 29271. До селото може да се стигне и преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 2232, преминувајќи ја Злетовска Река.
Селото се наоѓа во долината на Злетовска Река.
Историја
Во 1019 година, Луково е споменато како дел од Скопската епархија на Охридската архиепископија.
Во септември 1903 година селото било запалено и ограбено од турскиот аскер, што се случило по борба помеѓу чета на ВМРО и аскерот. Подоцна, мештаните морале да најдат засолниште на други места.Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамитчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопje 1974, с. 558.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 9,7 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 742 хектари, на пасиштата отпаѓаат 127 хектари, а на обработливите површини само 44 хектари.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Луково има 120 жители, сите Македонци христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Луково имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Луково е мало село, коешто во 1961 година броело 147 жители, а во 1994 година само 16 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Луково живееле 4 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Луково било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Злетово, во која влегувале селата Злетово, Зеленград, Јамиште, Лесново, Луково и Ратавица.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0908 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа. Во него се опфатени селата Близанци, Куново и Луково.
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.
Личности
Родени во или по потекло од Луково Ѓорѓи Пановски (1912-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Дончо Пановски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Петар Ангеловски (1943-1999) — македонски биолог и универзитетски професор
Галерија
Поврзано Општина Кратово Кратово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово