Рута Мејлутите (литв. Rūta Meilutytė; р. 19 март 1997) е литванска пливачка. На 15 годишна возраст, таа веќе соборила девет женски литвански пливачки рекорди. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Мејлутите го освоила златниот медал во дисциплината 100 м градно со време од 1:05.47, станувајќи првата Литванска пливачка од независноста на Литванија од 1990 година која освоила олимписки медал во пливање. На 15 годишна возраст, таа е исто така најмладата литванска спортистка која успеала да освои олимписки медал. Во полуфиналето претходниот ден, таа го срушила Европскиот рекорд на 100 м градно со време од 1:05:21. На Светското првенство 2013 во Барселона, Мејлутите поставила два нови светски рекорди на 50 и 100м градно.

Личен живот Рута Мејлутите е родена во Каунас, Литванија во 1997 година, како ќерка на Саулиус Мејлутис и Ингрида Мејлутине. За време на своето детство Рута останала без својата мајка. Во март 2001, кога Рута Мејлутите имала 4 години, нејзината мајка починала во автомобилска несреќа. Мејлутите има два постари браќа, Маргирис (20 години), кој е студент на право, и Миндаугас (24 години). Таа започнала да плива на 7 годишна возраст. На 13 годишна возраст таа се преселила од Каунас во Плимут, каде што живееле нејзиниот татко и нејзините браќа. Мејлутите е студентка на колеџот во Плимут во Англија.

Кариера Почетоци Во 2010 година, таа го срушила својот прв литвански пливачки рекорд на 50м и 100 м градно. На Европскиот младински летен олимписки фестивал 2011 во Трабзон, Турција, Мејлутите го освоила златниот медал на 100 м градно, сребрениот медал на 50м краул и бронзениот медал на 100 м краул.

Летни олимписки игри 2012

Откако обезбедила настап на Летните олимписки игри 2012, Мејлутите станала најмладата литванска пливачка која ќе се натпреварува на Олимписките игри. Во својата прва дисциплина, во преелиминациите на 100 м градно, Мејлутите се пласирала прва, со време од 1:05.56, и го соборила литванскиот рекорд на 100 м градно. Во полуфиналето на 100 м градно, Мејлутите повторно се пласирала прва, повторно соборувајќи го литванскиот рекорд како и европскиот рекорд, со време од 1:05.21. Во финалето на 100 м градно, таа го освоила златниот медал, со време од 1:05.47.

За време на 41. генерално собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК), Рута била прогласена за најдобра млада европска спортистка во 2012.

Светско првенство 2012 (25м)

На Светското првенство во мали базени во Истанбул, Турција, Мејлутите се натпреварувала во четири дисциплини: 50м градно, 100м градно, 100м краул и 100м мешано.

На првиот ден на првенството, Мејлутите поставила нов литвански, европски и рекорд на првенствата на 50м градно, пливајќи во преелиминациите со време од 29.56 секунди. Во полуфиналето, таа ги соборила истите рекорди и испливала ново најбрзо време од 29.51 секунди. Во финалето на 50м градно, литванката испливала време од 29.44 секунди и по третпат ги соборила истите рекорди освојувајќи го златниот медал пред Алија Аткинсон (29.62) и Џесика Харди (29.82).

На 100м краул, Мејлутите испливала петто најдобро време во преелиминациите и поставила нов литвански рекорд од 53.54 секунди. Сепак таа морала да се откаже од оваа дисциплина поради згуснатиот распоред кој налагал полуфиналето на 100м краул да се одржи само 19 минути пред финалето на 50м градно.

Следна дисциплина за Мејлутите била трката на 100м мешано. Во преелиминациите, литванката завршила на второто место и поставила нов литвански рекорд од 59.33 секунди. Во полуфиналето, таа го подобрила испливаното време во преелиминациите и поставила нов литвански рекорд од 59.15 секунди. Во финалето, по третпат, Мејлутите испливала ново најбрзо литванско време од 58.79 кое било доволно за сребрениот медал.

На третиот ден од првенството, Мејлутите пливала во преелиминациите на 100м градно, и поставила нов литвански рекорд од 1:04.69. Во финалето на оваа дисциплина, Мејлутите испливала време од 1:03.52, соборувајќи го литванскиот, европскиот и рекордот на првенствата (кој бил во сопственост на Ребека Сони) и се закитила со вториот златен медал.

За време на првенството, Мејлутите девет пати соборувала литвански рекорди, четири пати европски рекорди и четири пати рекорди на првенствата.

Светско првенство 2013

На Светското првенство во Барселона, Шпанија, Мејлутите се натпреварувала во три дисциплини: 50м градно, 100м градно и 100м краул.

На 29 јули 2013, во преелиминациите на 100м градно, Мејлутите завршила на првото место со време од 1:04.52, поставувајќи нов литвански, европски и рекорд на првенствата во таа дисциплина. Истиот ден подоцна, во полуфиналето на истата делница, Мејлутите го соборила светскиот рекорд на 100м градно, пливајќи време од 1:04:35 со што станала првата светска рекордерка на првенството и прва литванска пливачка која соборила светски рекорд во независна Литванија. Во финалето, таа го освоила златниот медал победувајќи ги Јулија Ефимова и Џесика Харди со време од 1:04.42.

На 100м краул, литванката испливала време од 55.72 секунди во преелиминациите и не успеала да се пласира во полуфиналето. Таа исто така била пријавена за трката на 50м краул, но не се појавила на стартот бидејќи сакала да се сконцентрира за својата последна дисциплина – 50м градно.

Во преелиминациите на 50м градно, Мејлутите завршила на третото место со време од 30.07. Истиот ден, во полуфиналето во истата дисциплина, Мејлутите испливала прва со време од 29.48, и го соборила светскиот рекорд на 50м градно на Јулија Ефимова, која го поставила во преелиминациите истиот ден порано. На последниот ден од првенството, во финалето на 50м градно, Мејлутите завршила зад Ефимова и го освоила сребрениот медал.

Лични рекорди

ДисциплинаВремеПрвенствоМестоДатумТип 50м градно (долг курс) 29.48Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 3 август 2013ДР/СР 100м градно (долг курс) 1:04.35Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 29 јули 2013ДР/СР 50м градно (краток курс) 28.89 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 13 октомври 2013ДР/ЕР 100м градно (краток курс) 1:02.36 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 12 октомври 2013ДР/СР 50м делфин (долг курс) 27.14 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 28 август 2013 ДР50м грбно (долг курс)29.04 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 29 август 2013ДР100м грбно (долг курс)1.04.19Првенство на Велика Британија Плимут, ВБ 7 мај 2012 50м краул (долг курс) 25.10 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 31 август 2013ДР 100м краул (долг курс) 54.94 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 28 август 2013ДР/СР 200м краул (долг курс) 2:02.68Првенство на Велика Британија Плимут, ВБ 7 мај 2012ДР 50м краул (краток курс) 24.97ФИНА Светски куп 2012 Стокхолм, Шведска 13 октомври 2012ДР 100м краул (краток курс) 53.54Светско првенство 2012 Истанбул, Турција 13 декември 2012ДР 200м мешано (долг курс) 2:12.32 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 29 август 2013ДР/СР 100м мешано (краток курс) 58.57ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 13 октомври 2013ДР 200м мешано (краток курс) 2:09.55 Првенство на Литванија 2012 Аникшчај, Литванија 22 декември 2012ДР

ДР - Државен рекорд, ЕР - Европски рекорд, СР - Светски рекорд''

Рекорди Европски рекорди ТипДисциплинаВремеПрвенствоМестоДатумНаводЕР100 м градно (долг курс)1:05.21Летни олимписки игри 2012Лондон, ВБ29 јули 2012ЕР50 м градно (краток курс)29.44Светско првенство 2012Истанбул, Турција13 декември 2012ЕР100 м градно (краток курс)1:03.52Светско првенство 2012Истанбул, Турција15 декември 2012ЕР100 м градно (долг курс)1:05.20Пливачки митинг Монте Карло 2013Монте Карло, Монако8 јуни 2013ЕР50 м градно (долг курс)29.96Пливачки митинг Барселона 2013Барселона, Шпанија11 јуни 2013ЕР100 м градно (долг курс)1:04.35Светско првенство 2013Барселона, Шпанија29 јули 2013ЕР100 м градно (краток курс)1:02.36ФИНА Светски куп 2013Москва, Русија12 октомври 2013ЕР50 м градно (краток курс)28.89ФИНА Светски куп 2013Москва, Русија13 октомври 2013

Светски рекорди ТипДисциплинаВремеПрвенствоМестоДатумНаводСР100 м градно (долг курс)1:04.35Светско првенство 2013Барселона, Шпанија29 јули 2013СР50 м градно (долг курс)29.48Светско првенство 2013Барселона, Шпанија3 август 2013СР100 м градно (краток курс)1:02.36ФИНА Светски куп 2013Москва, Русија12 октомври 2013

Наводи

Надворешни врски

Профил на sportsreference.com

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Литвански пливачи Категорија:Пливачи на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Луѓе од Каунас