Хелдрунген () — поранешен град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Ан дер Шмике.

Околни реки се Унштрут и Випер.

Местото е забележително по тоа што има тврдина со два шанца, четири Вобанови градобрани и пет рондели (кружни топовски кули). Во средината е сместен ренесансен замок, изграден во периодот од 1512 до 1518 г. Денес зданието служи како младински хостел.

Познати личности

Петер I Ернст фон Мансфелд (1517-1604) - воен заповедник и управник на Шпанските Ниски Земји Готлоб Ернст Шулце (1761-1833) - скептицистички филозоф

Тренд на населението

Тренд на населението na Хелдрунген (31 декември): 1994: 2.625 1995: 2.606 1996: 2.605 1997: 2.574 1998: 2.519 1999: 2.523 2000: 2.449 2001: 2.425 2002: 2.379 2003: 2.338 2004: 2.306 2005: 2.333 2006: 2.297 2007: 2.250 2008: 2.228 2009: 2.209 2010: 2.215 2011: 2.223 Извор: Општинска заедница Ан дер Шмике

Галерија

Надворешни врски

Портал на Хелдрунген

Категорија:Кифхојзер (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Градови во Тирингија Категорија:Саксонија (пруска покраина)