Милошево — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Влезот во селото

Ова мало село се наоѓа во јужниот рамничарски дел на Општина Крушево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Крушево селото е оддалечено 13 километри.

Милошево е мало потпланинско село на средина на патот помеѓу Пресил на југ и Свето Митрани на север.

Селото има низински тип и куќите му се поредени покрај патот во насока север-југ.

Историја

Селото е основано во 1923 година од колонисти во Далмација, населени на утрина (земја за пасење). Тогаш селото било основано во самата Пелагонија, 2 километри источно од денешното место (близу Крушеани). Меѓутоа, мештаните таму не можеле да живеат поради поплави. Во 1939 година, населението било преместено на денешното место.

Во 1941 година било укинато името Милошево и се водело како маало на соседното Пресил.

Во 1942 година, Милошево имало девет српски домаќинства. Тогаш, бугарските окупатори во секоја куќа го убиле домаќинот, а жените и децата ги протерале.

Населбата била обновена по Втората светска војна од мештаните кои се вратиле. Тогаш, селото повторно го вратило својот статус на село.

Стопанство

Бидејќи Милошево има заеднички атар со селото Пресил, за него нема одделни податоци за аграрната структура, односно не се води посебна катастарска евиденција.

Население

Селото е мало и во 1961 година броело 79 жители, од кои 63 биле Македонци, а 16 жители Срби, а во 1994 година 60 жители, од кои 51 Македонци, а 9 жители Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Милошево живееле 50 жители, од кои 38 Македонци и 12 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.

Родови

Милошево е македонско-српско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се: Српски родови во селото се: Загориќи (2 к.), Стојисављевиќи (2 к.), Стричевиќи (2 к.), Ружица (1 к.) и Суботиќи (1 к.), сите доселени од Далмација, Хрватска. Во Суботиќи живеел домазет од селото Острилци. И во една куќа од родот Стричевиќи живеел домазет од Базерник. Македонски род: Огњановци (1 к.), доселени се од Бирино, таму се доселиле од некое село во Железник.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Врбоец, се наоѓале и селата Годивје, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Турско. Селото влегувало во рамки на Општина Свето Митрани во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Врбоец, Милошево, Пресил и Свето Митрани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1200 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Споменици Споменик во чест на стреланите мештани од бугарските окупациски власти во 1942 година

Галерија

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Крушево Крушево

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Крушевски села Категорија:Села во Општина Крушево