Брзак — село во Општина Куманово.
Географија и местоположба Брзак — село во општина Куманово. Селото се наоѓа по патот Куманово-Скопје. Селото е оддалечено 27км јужно од Куманово, и 31км североисточно од Скопје.
Историја Брзак е младо село. Основано е во 1922 година на атарот на селото Агино Село. Споменатата година државните власти колонизирале три српски домаќинства од селото Брзан кај Велика Плана, и по тоа село, селото Брзак го добило денешното име. После доселувањето на основачите на селото, во селото се доселиле и други колонисти, и тоа од: Лика (Орлиќи и Дозет), Црна Гора (Цариќи), од околината на Пирот (Јовановиќи), и од околината на Лесковац (Соколовиќи).
Во време на Втората светска војна бугарските власти ги иселиле повеќето српски колонисти, а на нивно место набрзо се доселиле Македонци од кривопаланечко.
Стопанство
Население
Во 2002 година во селото Брзак имало 104 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 67 жители, од кои 49 Македонци, 7 Срби, 2 останати и 9 лица без податоци.
Родови Брзак е српско-македонско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се.
Српски: Јаќимовиќи (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Горњи Козји Дол во Горна Пчиња; Милосављевиќи (1 к.), Спасиќи (2 к.), Цветковиќи (3 к.) и Јанковиќи (1 к.) доселени се во различен период од селото Радовница во Горна Пчиња; Јовчиќи (1 к.) доселени се во текот на Втората светска војна од селото Шајинце во Горна Пчиња; Момчиловиќи (1 к.) и Костиќи (1 к.) најмлади доселеници. Првите се доселени од селото Стари Глог кај Врање. А вторите се доселени од селото Средњи Дел кај Врање. Македонски: Арсовци (2 к.) и Јовановци (1 к.) доселени се во текот на Втората светска војна од Кривопаланечко (првите од Жидилово, а вторите од Герман).
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово