Ново Село — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Историја Во времето на Османлиското Царство селото се викало Помак Ќој („Помачко Село“).

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 250 жители, сите Македонци муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 50 Турци.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 274 жители, од кои 204 Срби и 70 Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 277 жители, од кои 87 Македонци, 1 Албанец, 182 Срби, 1 останат и 6 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————334195311————330...6—341196111——......347...8—366197120———...344...——364198148————319...3—370199159————278...——337199449————267...——316200270————204———2742021871———182—16277

Родови Ново Село е мешано село

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Српски

Младеновиќи (3 к.) и Тасиќи (2 к.) доселени се од селото Козји Дол во Горна Пчиња; Томиќи или Американци (2 к.) и Симоновиќи (1 к.) доселени се од селото Горна Трница во Горна Пчиња; Цветковци (3 к.), Цветковиќи (2 к.) и Качари (1 к.) доселени се од селото Широка Планина во Горна Пчиња; Митиќовци (6 к.), Тасиќевци (4 к.), Ристиќовци (4 к.), Арсиќи (3 к.), Антиќи (2 к.), Митиќи (1 к.), Стефановиќи (1 к.) и Стојковиќи (1 к.) доселени се од Трговиште; Кириќи (6 к.) и Панчиќи (1 к.) доселени се од селото Станичење кај Пирот; Црновршани (6 к.) доселени се од Црн Врх кај Пирот; Топлодолци (3 к.) доселени се од селото Топли Дол кај Пирот; Петровиќи (1 к.) доселени се од селото Мирковци кај Пирот; Гостушани (2 к.) доселени се од селото Гостуша кај Пирот; Здравковиќи (1 к.) доселени се од селото Ораховац кај Пирот; Младеновиќи (1 к.) доселени се од селото Ѓоштице кај Пирот; Крстиќи (1 к.) доселени се од селото Заскоци кај Пирот; Стојковиќи (2 к.) доселени се од селото Топонице кај Бела Паланка; Јеремиќи (1 к.) родот го основал домазет доселен од селото Умин Дол. Право потекло од Лика во Хрватска.

Македонски

Крстиќи (2 к.) доселени се од селото Отошница кај Крива Паланка; Стојмен (1 к.) доселени се од селото Градец кај Крива Паланка; Крстиќи (2 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово