Џон Френсис О'Шеи (роден на 30 април 1981 година) — ирски поранашен фудбалер, играч од одбраната.

Неговата сила за време на играчката кариера била неговата флексибилност во играта, тој можел да игра на неколку позиции на десната, на левата страна и во центаралниот дел од теренот.

Роден во Вотерфорд, О'Шеи му се приклучил на Манчестер Јунајтед кога имал 17 години. Тој помина период на заем во англискиот нисколигаш и белгискиот Ројал Антверпен пред да се утврди во првиот тим на Манчестер Јунајтед, каде направил речиси 400 настапи во сите натпреварувања за период од над 10 години. Со Манчестер Јунајтед, О'Шеи освоил све што можел во неговиот престој таму: пет титули во Премиер лигата, една во ФА Купот, три во Лига купот, Лигата на шампионите во сезоната 2008-2009 и Светското клупско првенство во 2008 година. Тој му се приклучил на во јули 2011 година, а по седум години во клубот заминал во каде одиграл една сезона (2018-2019) пред да ја заврши својата кариера.

О'Шеи го направил своето деби за селекцијата на Република Ирска во 2001 година против Хрватска и оттогаш до неговиот последен настап, против САД во јуни 2018, забележал 118 настапи и 3 гола. Тој бил дел од тимот што на контроверзен начин го загубил плејофот за пласман на Светското првенство 2010 од репрезентацијата на Франција, и настапил на Европското првенство две години подоцна како и на она во 2016-тата година.

Титули Манчестер Јунајтед Премиер лига : 2002-03, 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11 ФА Куп : 2003-04 Лига куп : 2005-06, 2008-09, 2009-10 ФА Комјунити Шилд : 2003, 2007, 2008, 2010 Лига на шампиони : 2007-08 ФИФА Светско клупско првенство : 2008

Надворешни врски Profile at ManUtd.com John O'Shea profile профил на Џон О'Шеи на soccerway John O'Shea's Premier League profile

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Антверпен Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Рединг Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Родени во 1981 година