Ласло Мартон (унгарски: Márton László), (1959, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател (драматург и прозаист) и есеист.

Животопис Ласло Мартон е роден во 1959 година во Будимпешта. Дипломирал унгарски јазик, германистика и социологија на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Од 1983 година, работи како уредник во издавачката куќа "Хеликон".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229.

Творештво Мартон е автор на поголем број прозни дела, а некои од нив се преведени на повеќе европски јазици: германски, бугарски и словачки. Исто така, неговиот расказ "Урнатините на едно ненапишано поглавје" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.

Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229-230. Големото будимпештанско прогонство на страшилата (раскази), 1984 година Засолниште (роман), 1985 година Пеперутки на шеширот (драми), 1987 година Избрани и стопени: размислување за судбината која е неделива (есеи), 1989 година Потсвесна станица (роман), 1990 година Премин преку огледалото (роман), 1992 година Амбиција (роман), 1994 година Вистинската приказна за Јакоб Вунсшвиц (роман), 1997 година Принудно ослободување (роман), 2001 година Небесните три капки крв (роман), 2002 година Местото за криење на Минерва (роман), 2006 година Не ме повредувај, Вираг! (роман), 2007 година

Признанија Ласло Мартон е добитник на повеќе награди, како што се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 230. Наградата "Милан Фушт", 1988 година Книга за литература на иднината, 1989 година Наградата "Тибор Дери", 1991 година Наградата "Вилмош", 1992 година Наградата на Фондацијата Сорос "Деже Костољани", 1993 година Наградата "Ерно Сеп", 1993 година Книга на годината во Унгарија, 1994 година Наградата "Атила Јожеф", 1997 година Ловоров венец на Република Унгарија, 2004 година Наградата "Миклош Месељ", 2005 година Орден за заслуги на Република Унгарија - Витешки крст, 2006 година Наградата "Шандор Мараи", 2007 година

Наводи

Категорија:Унгарски писатели Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Луѓе од Будимпешта Категорија:Живи луѓе