Стража — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е планинско, сместено под североисточната падина на Скопска Црна Гора, до самата граница со Србија (Општина Прешево).

На околу 500 м на северозапад од главната населба е Табак Маало, сместено на повисок дел од падината.Табак Маала (10305055) — GeoNames

Историја На крајот на XIX век Стража било албанско село во Кумановската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стража се состоела од 100 „Арнаути муслимани“.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.

Иако на претходните етнографски прегледи населението е укажано како албанско (т.е. „арнаутско“), на пописот во 1951 г. тоа се води со 171 жител, од кои 162 Турци и само 9 Албанци.Стража — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Во текот на 1950-тите деценија бројот на Турци и Албанци се изедначил, веројатно поради иселувањето на Турците. Во 1971 г. Стража се свела на 89 жители — сите Албанци. Селото е целосно напуштено во текот на 1970-тите години. Според пописот од 2002 година, нема ниеден постојан жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково Категорија:Раселени села во Македонија