Петер Надаш (унгарски: Nádas Péter; 14 октомври 1942, Будимпешта — Гомбошсег, 26 август 2026) — современ унгарски писател, есеист и фотограф.
Животопис Петер Надаш е роден во 1942 година во Будимпешта. Работел како фоторепортер и новинар, потоа како уредник во весници и лектор на театарот во Ѓер, а од 1969 година е професионален писател. Живее во малото село Гомбосег. Во 1993 година, станал член на Академијата за уметност "Сечењи".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 235.
Творештво Делата на Надаш се преведени на повеќе европски јазици: шпански, шведски, норвешки, дански, германски, англиски, француски, бугарски, словенечки, чешки, полски, естонски, летонски, фински и руски. Два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009. На македонски јазик во 2012 година се објави и романот „Крајот на еден семеен роман“ во издание на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот на расказите и романот е на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.
Негови поважни дела се: Библија (раскази), 1967 година Игра, барањето на клучот (раскази), 1969 година Крајот на еден семеен роман (роман) 1977 година Сцена (есеи за театарот), 1983 година Пронајденото ливче и други мешани списи (есеи и медитации), 1992 година Минотаур (кратки раскази), 1997 година Малку светлина (есеи и фотографии), 2000 година Паралелни приказни (роман) 2006 година
Признанија Надаш е добитник на повеќе унгарски и меѓународни награди, како што се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 235-236. Наградата "Милан Фушт", 1978 година Наградата "Атила Јожеф", 1985 година Наградата "Тибор Дери", 1988 година Наградата на Фондацијата Сорос "Ѓула Круди", 1990 година Österreichische Staatpreis für Europäischen Verständigung, 1991 година Наградата "Кошут", 1992 година Leipziger Buchpreis zur Europäischen Verständigung, 1995 година Prix du Meilleur Livre Étranger "Vilenica", 1998 година Наградата "Франц Кафка", 2003 година Наградата "Шандор Мараи", 2006 година Орден за заслуги на Република Унгарија - Крст, 2007 година
Наводи
Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Починати во 2026 година Категорија:Луѓе од Будимпешта Категорија:Унгарски Евреи Категорија:Унгарски писатели Категорија:Унгарски романописци Категорија:Членови на Берлинската академија на уметностите