Грекање (служб. Грекај, ) — село во Општина Маврово и Ростуше, Гостиварско.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Горна Река, на источните ограноци на планината Кораб и во горното сливно подрачје на реката Радика. Како планинско село, лежи на надморска височина од 1.089 м, а атарот зафаќа . Крај селото минува Рибничка Река, која тука ги прима притоките Грекајска Река од север и Завојски Поток од југ.

Отаде речниот дол, во близина на селото се наоѓа местото на некогашното село Завојско, уништено за време на Првата светска војна. Во непосредна близина на север е селото Нивиште.

Историја Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во почетокот на XIX век, Грекање како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во 1852 г. жители на Грекање го поддржале издавањето на „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ.Селищев А.М. „Славянское население в Албании“, София, 1931, стр. 13.

На крајот на XIX век Грекање веќе било „албанско“ село во Реканската Каза на Отоманскто Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грекање има 25 жители Арнаути христијани и 14 Арнаути муслимани. Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грекане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 36 куќи.

Работејќи во полза на српската пропаганда, патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки напишал дека во 1904 г. во Грекање имало 2 „српски“ куќи, кои всушност биле македонски.Допис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското на Грекање се состело од 12 „Албанци“.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 184-185.

Стопанство Грекање има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.111,7 ха шуми, 681,3 ха пасишта и само 22,6 ха обработливо земјиште.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 20 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Албанци.

Иселеништво Според истражување од 1950 г. во скопското село Патишка Река (Општина Сопиште) живее родот Гегалар (13 куќи), доселен од Грекање.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше