Нистрово — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Потекло на името
Селото најпрвин запишано како Нестрова се сретнува во 1583 година во турски документи. Потеклото на името веројатно доаѓа од личното име Нистро, што е варијанта на грчкото Нестор, што означува „мудар, чесен човек (старец)“.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на селото
Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е во горното сливно подрачје на Радика. Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.180 метри надморска височина. Оддалечено е 34 километри северно од Дебар и 37 километри југозападно од Гостивар.
Нистрово се наоѓа во клисурата на Длабока Река, од нејзината лева страна. Селото се наоѓа на висока тераса над реката. Низ селото тече малата река Буљница. Над селото се наоѓаат шуми, додека под него се наоѓаат одредени обработливи површини.
Во атарот на селото се сретнуваат следниве месности: Кишевица, Мост, Попова Ливада, Рибничка Скала, Мљака, Дере Корабит, Пиргу Радомирос, Ѓафа, Аданица, Алданица, Дубово, Лескова, Осој, Струнг, Ливадет и Габрова.
Селото е сместено, недалеку од границата со Албанија, во подножјето на Кораб. Соседното село Бибање (Бибај), кое се наоѓа од другата страна од Длабока Река, некои го сметаат за нистровско маало.
До Нистрово се стигнува по земјен автомобилски пат, кој се исклучува од регионалниот пат Маврово-Дебар на второто исклучување десно после Трница, кога се оди накај Дебар.
Историја
Во век, Нистрово било село во Реканската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
мини|300п|десно|Поглед на Нистрово
Атарот на селото зафаќа простор од . На него преовладуваат шумите на површина 870 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 413 хектари, додека на обработливите површини отпаѓаат 134 хектари.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.
Населението главно се занимава со сточарство.
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нистрово било село со 40 домаќинства и 110 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нистрово живееле 380 жители, сите Албанци, од кои 150 христијани и 230 муслимани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нистрово имало 120 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нистрово се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 80 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци и 50 Македонци.
Нистрово е мало село, коешто во 1961 година броело 259 жители, од кои 146 биле Албанци, 106 Македонци, а 5 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 153 жители, сите Албанци.
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Нистрово, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 121 жител, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 27 Албанци, 1 Бошњак и 4 лица без податоци.
Во минатото, делот на изјаснети Македонци, може да се поврзе со етничката група Шкрети, распространета во оваа област.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Нистрово:
Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — 229 1953 114 135 0 1 — 0 — 250 1961 106 146 5 1 — 1 — 259 1971 56 139 33 0 — 0 — 228 1981 11 151 14 0 — 2 — 178 1991 0 37 0 0 — 0 — 37 1994 0 153 0 0 — 0 — 153 2002 0 121 0 0 0 0 — 121 2021 0 27 0 0 1 0 4 32
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови
Во Нистрово живеело мешано население. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Нистрово живееле следниве родови:
Во маалото Ципул: Папаз (муслимани); Во маалото Раван: Митра, Голит, Пеќет, Монет и Пуреј (мешано).
Општествени установи
Основно училиште
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Нистрово се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Нистрово, во која влегувале селата Бибање, Жужње и Нистрово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0481 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место влегува и селото Жужње.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Вознесение Христово“
Цркви Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква
Џамии Џамија — главна селска џамија
Редовни настани
Водици (19 јануари) — одбележување на празникот Спасовден (40 дена после Велигден) — црковна слава Петковден (27 октомври) — селска слава
Личности
Родени во Нистрово Јосиф Багери (1870-1916) — свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци Глигор Јовановски — академик Здравко Рафаиловски — архитект
Култура и спорт
Од селото има патека која води до најголемиот водопад во Македонија, Корапскиот Водопад.
Иселеништво
Од селото се иселени голем број жители, најмногу во европските држави и во САД, како и во Турција.
Галерија
Наводи
Забелешки
Поврзано Горна Река Општина Маврово и Ростуше
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Рекански села