thumb|350px|Преглед на етапите; црвените линии ги означуваат растојание поминати на самите етапи, додека црните испрекинати линии ги означуваат растојанијата поминати во префрлања помеѓу етапите.
Етапата 12 на Вуелта а Еспања 2012 се одржала на 30 август, а трката ќе заврши на 9 септември. Втората половина на трката е сместена целосно во Шпанија; започнувајќи со среднопланинска етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро во Думбрија, по што следат четири етапи со завршници на нагорнина и на крајот вообичаената етапа, која завршува во Мадрид.
Одржувајќи го водството на Вуелта од четвртата етапа, Хоаким Родригес од продолжил со истото темпо и во втората половина на трката. На дванаесеттата етапа, Родригес ја постигнал својата втора етапна победа откако ги одминал неговите преостанати соперници за генералниот пласман на стрмното искачување Мирадор де Езаро во Думбтрија, додавајќи нови дваесет секунди на неговото водство во однос на возачот на Алберто Контадор. Откако бегството успеало наредниот ден, Родригес постигнал уште една етапна победа на четиринаесеттата етапа на Пуерто де Анкарес, каде започнувале да се појавуваат подолги искачувања на трката како дел од трите последователни етапи со завршници на нагорнина. Слично на потегот на Мирадор де Езаро, Родригес забрзал и го поминал неговиот најблизок соперник, Контадор, зголемувајќи го водството на трката на 22 секунди. Следниот ден, сите напади биле безуспешни и бегството било успешно повторно; Антонио Пједра ја освоил првата етапа за на Вуелта а Еспања, победувајќи ја етапата со предност од две минути.
Родригес и Контадор останале заедно во поголемиот дел од кралската етапа на трката, прва завршница на Суиту Негру; на наклоните кои достигнувале 25% на одредени места, Родригес направил разлика во однос на Контадор две секунди и со четирите секунди бонус на крајот ја зголемил разликата на 28 секунди по етапата и по вториот и последен ден за одмор на трката. По денот за одмор, Контадор ја свртел предноста во своја корист со изненадувачкиот напад на половина од етапата. Ги оставил соперниците за генерален пласман зад него и сам заминал кон етапна победа. Родригес се борел на етапата, но бил одминат и од уште еден соперник за генералниот пласман на трката, Алехандро Валверде () и паднал на третото место во пласманот зад Контадор и Валверде. Контадор го одржал водството на трката до крајот, на крајот завршувајќи ја трката со предност од 1' 16" над Валверде. Родригес бил трет, дополнителна 21 секунда зад него, додека ниеден друг возач не бил во рамките на 10 минути од времето на Контадор на крајот на етапата. Валверде со добиените бодови на последниот ден ги презел бодовниот и комбинираниот пласман, додека Родригес во Мадрид втора година по ред ја изгубил борбата за бодовниот пласман.
ЛегендаМаичките кои се појавуваат во табелата на левата страна на страницата означуваат дека се носени од велосипедистот на дадената етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна на страница означуваат дека на велосипедистот му се доделени по етапата. 20px|alt=A red jersey Го означува предводникот во генералниот пласман 20px|alt=A bluedotted jersey Го означува предводникот во планинскиот пласман 20px|alt=A green jersey Го означува предводникот во бодовниот пласман 20px|alt=A white jersey Го означува предводникот во комбинираниот пласман 20px|alt=A jersey with a white rider number on a red background Го означува возачот, кој е одреден како најборбен на денот и.в. Возачот кој ја поминал целта во иста група како оној кој го добил времето над него и затоа му се доделува истото завршно време.
Етапа 12
30 август 2012 — Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро, 190,5 км
Втората половина на трката започнала со етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро, притоа поминувајќи низ две провинции. И покрај тоа што не била највисока точка на етапата, Мирадор де Езаро обезбедувал силен тест за преостанатите членови на групата, бидејќи просечниот наклон на 1,9 километри долгото искачување било над 13%, додека одредени делови на искачувањето достигнале 20% или повеќе. Како последица на краткото и стрмно искачување, Хоаким Родригес, водачот на трката за , бил сметан како главен фаворит за етапата - заедно со победникот од деветтата етапа Филип Жилбер () – бидејќи барал начин како да го зголеми водството по губењето на неговата разлика во однос на другите на хронометарот. Мали напади се случиле во почетокот на етапата, но групата останала целосна во првите два часа возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.
Сè до 75. километар не се создало бегство, кога за првпат на помала група возачи им било дозволено да направат поголема предност во однос на групата. Четворица возачи – Камерон Мајер од , возачот на Микел Астарлоса, возачот на Амаел Моанар и Кевин де Верт, претставувајќи ја екипата – биле првите на кои им било дозволено да создадат бегство и водство од околу седум минути на етапата, но постепено биле достигнувани, но сепак сè уште имале предност од околу минута и половина до почетокот на Мирадор де Езаро. И покрај нападот на колегата на Астарлоса Игор Антон, успеала да го постави Родригес за негова втора етапна победа на трката, додека Алберто Контадор () завршил на целта осум секунди зад него, воедно останувајќи последниот возач кој отпаднал од Родригес, ограничувајќи го неговото задоцнување на 13 секунди зад водачот на трката.
Резултат од етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 8" 3 20px + 13" 4 + 20" 5 + 23" 6 + 23" 7 + 27" 8 + 31" 9 + 33" 10 + 36"Генерален пласман по етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 20px 20px 20px 2 + 13" 3 + 51" 4 20px + 1' 20" 5 + 2' 59" 6 + 3' 29" 7 + 4' 22" 8 + 5' 17" 9 + 5' 18" 10 + 6' 01"
Етапа 13
31 август 2012 — Сантјаго де Компостела до Ферол, 172,8 км
И покрај тоа што патеката од 172,8 километри се движела низ нерамен терен, тринаесеттата етапа била категоризирана како спринтерска етапа и се броела како нивна последна шанса за победа на етапа до крајот на неделата, во вториот де за одмор, бидејќи следните три етапи биле планински етапи со завршница на нагорнина. Во текот на етапата имало два средни спринта, кои нуделе бодови за бодовниот пласман и бонус секунди за генералниот пласман и се наоѓале на 72,5 километри од почетокот на етапата и на 5 километри пред целта во Ферол. Ферол бил домаќин на завршница на етапа по првпат по 1993, кога Џамолидин Абдужапаров ја освоил претпоследната етапа на тоа издание на трката. Како и претходните етапи, уште на почетокот се случиле мали напади, но групата останала целосна во првиот час возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.
Меѓутоа на ознаката за 40. километар, една група се одвоила и ѝ било дозволено да направи предност во однос на главната група. Седум возачи претставувајќи шест екипи – била единствената екипа која имала двајца возачи во групата – постигнале водство од четири минути на етапата, бидејќи групата не сакала да им дозволи поголема предност од таа. Разликата било намалувана со побрзо темпо од нормалното, каде и се спремале за поставување на чело за нивните спринтери Џон Дегенколб и Џани Мерсман соодветно. Меѓутоа, групата никогаш не го достигнала бегството на етапата и по неколку потези на 5 километри пред крајот, возачот на Стив Камингс направил соло обид за победа, и опстанал до крајот на етапата каде ја освоил својата прва Гранд Тур етапа и негова прва победа за екипата. Возачот на Камерон Мајер бил подобар од Хуан Антонио Флеча () за второто место на целта, четири секунди зад Камингс, додека група била доведена од Дегенколб, кој завршил четириесет секунди зад Камингс.
Резултат од етапа 13 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 4" 3 + 4" 4 + 14" 5 + 14" 6 + 14" 7 + 40" 8 + 40" 9 + 40" 10 + 40"Генерален пласман по етапа 13 ВозачЕкипаВреме 1 20px 20px 20px 2 + 13" 3 + 51" 4 20px + 1' 20" 5 + 2' 59" 6 + 3' 29" 7 + 4' 22" 8 + 5' 17" 9 + 5' 18" 10 + 6' 01"
Етапа 14
1 септември 2012 — Палас де Реи до Пуерто де Анкарес, 149,2 км
Трката се вратила во планините на првата од трите последователни завршници на нагорнина, кои се очекува да ја зголемат борбата за поредокот во генералниот пласман. Наместо кратки стрмни искачувања кои ги имало на трката пред 14. етапа, на патеката на етапата од 149,2 километри биле вклучени подолги искачувања. Имало дури пет категоризирани искачувања, додека пострмните искачувања се наоѓале кон крајот на етапата; во последните 35 километри на етапата имало две искачувања од прва категорија на Алто Фолгуеирас де Аигас - просечен наклон од 6,7% со вкупна должина од 9,7 километри – и последното искачување од 9,5 километри Пуерто де Анкарес, кое имало просечен наклон од 8,1%, но достигнувало 13% на одредени места, и на крајот се стигнувало на височина од 1.470 метри. Искачувањето исто така содржело спуст од околу еден километри, на половина пат до крајот.
Првично четворица возачи се одвоиле на воведните километри на етапите, но тие биле достигнати пред ознаката за 20 километри од патеката. Потоа, поголема група од шеснаесет возачи, вклучувајќи го и четирикраниот победник на планинскиот пласман Давид Монкутје () и победникот на четвртата етапа Сајмон Кларк од отишле напред. Со членови од нивните екипи во бегството, екипата на Хоаким Родригес и екипата на Алехандро Валверде, се поставиле позади во групата и им допуштиле на и да го контролираат темпото за нивните водачи Алберто Контадор и Крис Фрум. Водечките имале водство од три минути, кога бегството се доближило до Алто Фолгуеирас де Аигас и на спустот Алберто Лосада – колегата на Родригес во бегството – се одвоил од групата и продолжил сам. Главната група ја намалила разлика на две минути и постојано се доближувале до нив, кога се приближувале до последното искачување на етапата.
го поставувал темпото на чело на главната група, додека пред Контадор се наоѓале тројца негови колеги, а неговите соперници Родригес и Валверде се наоѓале близу него. Како се забрзувало темпото на чело на групата опстанале само кандидатите за победа на трката. Фрум имал проблеми на искачувањето, но успеал да се врати и да ѝ се приклучи на водечката група – кога го достигнале и поминале Лосада – пред на крајот повторно да отпадне од групата, на крајот губејќи 50 секунди, заостанувајќи 1' 41 за водачот, откако биле вклучени временските бонуси. Контадор отпочнал напад на 1,9 километри пред крајот, и никој не можел веднаш да реагира; меѓутоа, Родригес на крајот со потера стигнал со него, достигнувајќи на ознаката за еден километар. Контадор го направил својот последен обид за победа, но Родригес бил сосем подготвен да реагира на потегот и на крајот забрзузал и се одвоил од него за победа на трета етапа на трката, одвојувајќи се од Контадор за пет секунди, и додал девет секунди кон неговото водство.
Резултат од етапа 14 ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 + 5" 3 20px + 13" 4 + 35" 5 + 38" 6 + 44" 7 + 56" 8 + 1' 04" 9 + 1' 13" 10 + 1' 17"Генерален пласман по етапа 14 ВозачЕкипаВреме 1 20px 20px 20px 2 + 22" 3 + 1' 41" 4 + 1' 41" 5 + 4' 16" 6 + 5' 07" 7 + 5' 51" 8 + 6' 13" 9 + 6' 34" 10 + 7' 16"
Етапа 15
2 септември 2012 — Ла Робла до Лагос де Ковадонга, 186,5 км
На втората од трите завршници на нагорнина, возачите имале да поминат две категоризирани искачување - како и некатегоризираното Пуерто де Пахарес - пред последното искачување од 13,5 километри, категоризирано како искачување од „специјална“ категорија, до Лагос де Ковадонга. Иако последното искачување било помалку стрмно во наклонот споредено со тоа претходно, Алто дел Мирадор дел Фито - 7% споредени со 8,3% – тоа достигнувало до 15% на одредени места. Но, исто така, имало и два дела со спусрт - секој од по 1 километар во должина - во последните 3 километри на искачувањето пред да има стрмнина за крајот. Во првите километри на етапата, група од деветнаесет возачи се впуштила во бегство, пред на крајот да останат десет возачи во групата, додека групата се справувала со силниот ветер на етапата.