Литературниот (стандарден) јазик е официјалното средство за комуникација на една нација. Во македонскиот јазик термините стандарден и литературен се употребуваат со исто значење.

Стандарден (литературен) јазик е: јазикот што официјално се употребува во уметничката и научната литература, во администрацијата, во училиштата, во медиумите итн.; јазикот што има пропишана норма за употреба; што го знаат сите припадници на една нација и тој ги обединува; што е изграден врз основа на еден дијалект или група дијалекти и претставува наддијалектна форма.

Од дијалектниот се создава стандардниот (литературниот) јазик, но тој постојано се збогатува и обновува од дијалектниот. Затоа, тие се во постојан заемен однос.

Категорија:Јазици Категорија:Литературен јазик