Честичка — неменлив збор што се придава на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.

Примери за честички според нивната намена се следните: со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто; за потврдување: да; за негирање: не, ни ниту; со прашално значење: зар, ли, дали; за изделување: само, единствено; со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно; со начинско: би, да, нека, ќе; со придружно: исто така, уште, притоа; за компарација: по-, нај- (се пишуваат заедно со зборот) со определено значење: имено, токму, баш; со неопределено значење: -било, -годе; и со показно значење: ете, еве, ене.

Категорија:Видови зборови