„Фросина“ — првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Филмот бил претставен во 1952 година. Снимател бил Киро Билбиловски, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското Кино „Култура“. Главната улога, ликот на мајката, го толкува Мери Бошкова, а во другите улоги играат Ацо Јовановски, Петар Вељановски, Предраг Наѓа и други.
Филмот е снимен во црно-бела техника, со времетраење од 79 минути, со стандардна техника на 35 милиметри. Жанрот е социјална драма, која ја обработува темата на печалбарскиот живот, војната и трагичниот живот на една мајка.
Улоги Мери Бошкова како Фросина Ацо Јовановски како Климе Љупка Џундева како Љуба Илија Џувалековски како Гоце Петре Прличко како Кузман Киро Винокиќ како Асен Стојка Цекова како Устијанка Борис Бегинов како Ефтим Лидија Дебарлиева како Вета Кирил Ќортошев како Каравил Петар Вељановски како Јане Томо Видов како Крсте Тодор Николовски Перица Цветковски како малиот Климе Наѓа Регин како Калина
Наводи
Категорија:Македонски филмови од 1950-тите Категорија:Филмови од 1952 година Категорија:Појавено во 1952 година во Македонија Категорија:Појавено во 1952 година во Југославија