„Републиката во пламен“ — македонски игран филм по сценарио на Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски, а во режија на Љубиша Георгиевски. Монтажер бил Вангел Чемчев, а музиката ја компонирал Тома Прошев.
Премиерата била одржана во 1969 година.
Кратка содржина
На 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија е кренато востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската Република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската Република го пишува Манифестот на Крушевската Република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки... Бројна османлиска војска го напаѓа Крушево. Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот. „Иако краткотрајна, по своите идеи Крушевската република беше величествена. Македонија го имаше својот прв Илинден, проследен со крвави години на тешки страдања. Македонија ќе го има и својот втор Илинден, при идната епоха на блиски победи и ослободувања. Овој втор Илинден е близок, тој доаѓа...“ - во „Илинденец“, Димо Хаџи Димов.
Улоги Глумец УлогаДраги Костовски Никола Карев Ристо Шишков Питу Гули Драгомир Фелба ЧавчеИлија Џувалековски Ташку ЃондаПетре Прличко Дојчин Вукан Диневски Сулејман Али Ирена Просен Јелена Жигон Стево Спасовски Илија Милчин Јаја-ефендиДимитар Костаров Тодор Николовски Ацо Стефановски Љубиша Трајковски Истреф Беголи Јосиф Јосифовски Томо Видов Јон Исаја Останати улоги ▼ Глумец УлогаДраги Крстевски Киро Ќортошев Ристе Стефановски Живко Јовановски Мите Грозданов Таше Кочовски Александар Думов Анастас Миша Јоана Поповска Димче Мешковски Методи Зенделски Панче Камџик Петар Стојковски Димитар Илиевски Ристо Мајсторов Предраг Дишљенковиќ Владимир Гравчевски
Надворешни врски Кинотека на Македонија
Категорија:Македонски филмови од 1960-тите Категорија:Македонски филмови за османлискиот период Категорија:Југословенски филмови за османлискиот период Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Филмови со Јосиф Јосифовски Категорија:Појавено во 1969 година во Македонија Категорија:Појавено во 1969 година во Југославија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Крушево Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Отоманското Царство Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во 1903 година