Баретал () — општина во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Се наоѓа на североисточните падини на Рудните Планини, помеѓу Бад Готлојба-Бергисхибел и Дона. Се состои од неколку мали села, кои се наоѓаат во долините на реките Баре и Зајдевиц, како и висорамнините помеѓу долините.

Општината е именувана по малата река Баре, која низ нејзе. Нејзиниот извор се наоѓа 1,5 километри северно од Брајтенау во Бад Готлојба-Бергисхибел на 505 м. Се влева во Зајдевиц близу Цушендорф. Со дел да се спречат поплави, било изградено езеро помеѓу Борна-Герсдорф и Фридриксвалде-Отендорф во 1970.

Општински единици

Баретал се состои од следниве села:

Борна Фридриксвалде Герсдорф Геперсдорф Нентмансдорф Нидерсзајдевиц Отендорф Вингендорф

Историја Борна

Борна најверојатно припаѓала на замокот Дона во прво време. На почетокот на 15. век станала дел од земјите на замокот Везенштајн. Прилично често ја менувал сопственост помеѓу Либштат, Везенштајн, Герсдорф, Отендорф, Кребс и Гизенштајн во следните години. Во 1731, Борна било во посед на грофот Морис де Саксо. Селската црква била првпат спомената во 1388. Припаѓала на парохијата во Пирна, а по реформацијата припаѓала на Либштат. Во 1894, Борна станала парохија.

Фридриксвалде

Фридриксвалде припаѓал на замокот Везенштајн. Црквата била првпат спомената во 1311 и припаѓала на парохијата Пирна.

Герсдорф

До 17. век, Герсдорф бил поделен на две села: Обергерсдорф (исто така: Габел) и Нидергерсдорф. Тие првично припаѓале на Дона, но потпаднале на грофовијата Дрезден. Во Герсдорф бил изграден и дворец.

Наводи

Надворешни врски

Слики од Борна Слики од Баретал Слики од Баретал

Категорија:Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини