Црешнево — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на сретселото

Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел од Општина Македонски Брод, чиј голем атар високо се издига на планината Даутица, каде што се допира со подрачјето на Општина Чашка. Селото е ридско-планинско, на надморска височина од 850 метри.

Атарот е мошне голем и зазема површина од 56,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.689 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.340 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 301 хектар.

На исток, од долината на Беличка Река го одделува многу длабок и стрмен дол, на запад се издигнува рид, а кон југ и север е отворено кон закосен и порамен терен од подножјето на Даутица.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 60 семејства, 5 неженети и 2 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.243

Во век, Црешнево било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство, иако географски се наоѓало во Порече.

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црешнево имало 505 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црешнево имало 640 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црешнао се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Црешнево во 1961 година имало 579 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 230 жители, од кои 228 биле Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Црешнево имало 169 жители, од кои 168 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 100 Македонци и 2 лица без податоци.

Родови

Црешнево е македонско православно село, во селото има многу староседелски родови, како и нешто доселенички. Родови во Црешнево се: Душевци (10 к.), Ѓорговци (10 к.), Петковци (6 к.), Милошовци (5 к.), Савевци (5 к.), Сокревци (4 к.), Пурчевци (3 к.), Џаровци (5 к.), сите овие родови се староседелски; Десовци (7 к.), доселени се од селото Модриште, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од околината на Скадар; Ѓоревци (5 к.), доселени се од селото Блаце, Охридско (?); Џолевци (5 к.), доселени се од селото Горно Крушје, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од некое село во Косово и Поповци (3 к.), доселени се од селото Осој, Кичевско.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште

Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Црешнево се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица и Тажево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0240 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 117 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Вознесение Христово“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Камен Дол — населба и некропола од доцноантичко време; Минојца — некропола од римско време; и Брест — населба, црква и некропола од римско време;

Цркви Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, изградена во 1898 година; Црква „Св. Никола“ — гробјанска црква, камен-темелник е осветен и поставен на 5 август 2000 година; и Црква „Св. Троица“ — манастирска црква.

Споменици Споменик од НОБ

Личности Личности родени во Црешнево: Видан Стеваноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна, стр.257 Билбил Момироски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Гроздан Димитриески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Десо Блажески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Здраве Момироски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Змејко Јанески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Јован Лазарески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Ифријан Грозданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Злате Аврамоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Никола Ѓорѓиоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Миле Јанески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Војче Георгиески (1925 - 1944) — загинат во НОБ. Крсте Миленкоски (1925 - 1944) — загинат во НОБ., стр.226 Велко Димоски (? - 1944) — загинат во НОБ. Живко Крстески (1924 - 1944) — загинат во НОБ. Илија Брајаноски (1924 - 1945) — загинат во НОБ. Јордан Симоноски (1896 - 1945) — загинат во НОБ. Љубомир Павлески (1902 - 1944) — загинат во НОБ. Маринко Цветаноски (1925 - 1945) — загинат во НОБ. Марко Ѓорѓиески (1925 - 1945) — загинат во НОБ. Стојан Павлески (1921 - 1945) — загинат во НОБ.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод