thumb|right|Ферибот Ратен гледан од Нидератен thumb|right|Поглед на Ратен од Бастај

Фериботот Ратен е патнички жичен ферибот низ реката Елба, кај Ратен во Саксонија, Германија. Ги поврзува Нидератен, на источниот брег, и Обератен, на западниот брег. Железничката станица Ратен на дрезденската С-Железница е околу 200 метри од терминалот на фериботот во Обератен. Фериботот до Нидератен обезбедува пристап до познатите карпи Бастај и езерото Амзелзе и Felsenbühne Rathen, надворешниот отворен театар.

Фериботот е во сопственост на општината Ратен. Работи од 05:30 до 23:45, седум дена во неделата и низ целата година. За викенди почнува со работа во 04:30. Лете, работата му е продолжена до 00:45.

Технички, фериботот е реакционен фериботи, кој е придвижуван од млазовите на водата. Фериботот е прикачен на пловечки кабел, кој е ставен во речното корито со кој се движи фериботот.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фериботи во Германија