Мурат-пашината џамија е џамија во Скопје, сместена во средишниот дел на Старата скопска чаршија. Градбата се наоѓа во непосредна близина на Чифте-амамот и Сули ан и заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на територијата на чаршијата и во Скопје воопшто. Џамијата е со статус на заштитено културно наследство.Мурат-пашина џамија, Скопско наследство.

Историја Според натписот на мермерната плоча над влезната врата во џамијата, на арапски јазик е објаснето дека истата била изградена некаде околу 1802 и 1803 година, откако претходно изгорела во пожарот од 1689 година.Мурат пашина џамија , Old Skopje. Извршени се истражувања, кои потврдуваат дека на истото место се наоѓала постара градба, од чии ѕидови се откриени остатоци. Последен пат, џамијата е реновирана кон крајот на XX век од страна на скопското муфтиство, во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата на Република Македонија.Мурат-пашина џамија, Проект „Стара скопска чаршија“.

Архитектура Освен минарето, џамијата е релативно нова градба и припаѓа на османлискиот барокен стил со примена на неокласицистички исламски елементи. Градбата е со четвртест облик и е покриена со покрив на четири води. Покрај главниот влез има и влез кој се наоѓа на северната страна. Внатрешноста на џамијата содржи дрвен касетиран таван, како и галерија (махвил), михраб и говорница (минбер), кои се сметаат за карактеристични елементи на османлиската барокна архитектура. Во дворот на џамијата се наоѓа шадрван изграден во 1937 година. Пронајдени се и остатоци од гробишта, т.е. три надгробни споменици, кои потекнуваат од 1741 и 1790 година, додека за третиот е тешко да се утврди датумот.

Белешки На мермерната плоча над влезната порта од џамијата се споменува дека џамијата била изградена во 1802 или 1803 година. Сепак, не постојат никакви податоци за името на нејзиниот градител и годината во којашто била изградена, иако според археолошките истражувања и проучувања е јасно дека била изградена на темелите на постара џамија којашто изгорела во пожарот во 1689 година.

Поврзано Чифте-амам; Сули ан; Стара скопска чаршија.

Наводи

Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Скопје Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Скопското муфтиство