„Панкот не е мртов“ — македонски игран филм по сценарио и режија на Владимир Блажевски. Премиерата била одржана во 2011 година.

Содржина Мирса (отглумен Симонов) е остарен панкер кој се бори за секојдневниот живот во Скопје. Во раните 1990-ти се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на една прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по останатите членови на групата, а во тоа му помага неговата поранешна девојка.„Обединување на старите панкери“, Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 3.

Улоги Јорданчо Чевревски како Типот од НГО Флора Достовска како Мими Кирил Поп Христов како Паша Виктор Лазаревски како Словенец Јовица Михајловски како Гуру Тони Михајловски како Љак Емир Реџепи како Сали Јордан Симонов како Мирса Камка Тоциновски како Нина Владимир Тулиев како Жути Ратка Радмановиќ како Милка Димитар Зози како Клисарот Абдурахман Рахман како Човек со оружје Душица Стојановска како Комшивката

Награди 2011:Најдобра машка улога/ Јордан Симонов - Меѓународен Филмски фестивал Црна Гора 2011:Специјална награда на жирито - Меѓународен Филмски Фестивал Прифест 2011:Награда за интеркултурен дијалог-Котбус,Германијаhttp://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=300 2011:Најдобар филм во програмата Исток-Запад - Карлови Вари,Чешкаhttp://www.time.mk/cw/21e1ece4fe/pankot-ne-e-mrtov-nagraden-na-festivalot-vo-karlovi-vari.html 2012:Најдобро сценарио - Филмски фестивал на добротворни цели, Монако 2012:Награда од публика - Меѓународен Филмски Фестивал Софија, Бугарија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови на Владимир Блажевски Категорија:Филмови со Јордан Симонов Категорија:Филмови со Јовица Михајловски Категорија:Филмови со Кирил Поп Христов Категорија:Филмови со Тони Михајловски Категорија:Филмови со Данчо Чевревски Категорија:Филмови со Камка Тоциновски Категорија:Филмови од 2011 година Категорија:Македонски дела од 2011 година Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Скопје