Заштитата на Старата скопска чаршија ги опфаќа сите заштитни мерки и програми коишто се спроведуваат за одржување, заштита и ревитализација на нејзиниот простор и објектите коишто се наоѓаат или се наоѓале во нејзините историски граници. На територијата на чаршијата се сместени 25 објекти со статус на заштитено културно добро како споменици на културата, чијшто статус бил доделен во периодот од 1950 до 1967 година. Со донесувањето на Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година и самата Стара скопска чаршија била прогласена за културно наследство од особено значење и оттогаш е под трајна заштита на државата.Скопската чаршија доби заслужена заштита , Вечер, 15 октомври 2008.
Мерки за заштита на занаетчиството во XIX век На почетокот од 19. век, Отоманското Царство се наоѓала во тешка економска положба, којашто го поттикнала спроведувањето на низа мерки за надминување на тешкотиите. Ваквата положба најмногу се одразувала со намаленаиот интензитет на трговијата и занаетчиството во најзначајните градови во државата. Така, државата била принудена да донесе законски мерки со коишто би бил поттикнат развојот на занаетчиството во Скопје, а со тоа и на просторот на Старата скопска чаршија. Со мерките се предвидувала законска заштита на занаетчиите и правата со коишто тие располагале.Старата скопска чаршија во XIX век, Проект „Стара скопска чаршија“.
Ефектите од спроведувањето на законските мерки дала позитивни резултати и придонела кон заживување на занаетчиството и трговскиот живот во чаршијата. Главна улога во развојот и ревитализацијата на чаршијата имале токму занаетчиите и трговците, кои ја помогнале изградбата на црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“. Еврејското населено успеало да ја обнови синагога Бет Јаков. Постигнатиот напредок придонел и кон изградбата на поголеми дуќани со елементи од барокната и неокласичната архитектура, со што започнал да се менува и архитектонскиот изглед со ориентални елементи во чаршијата.
Доделување на статусот на заштитено културно добро По штетите во чаршијата предизвикани во Втората светска војна дошло до нејзина ревитализација и обновување на објектите. Одредени активности биле започнати и од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата, коишто имале за цел извршување на систематско проучување на чаршијата, со цел да се изнајдат најсоодветни решенија за нејзино зачувување.Старата чаршија од ослободувањето до катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Проект „Стара скопска чаршија“. Со тоа, во периодот од 1950 до 1967 година биле издадени решенија за доделување на статусот на заштитено културно добро на 25 објекти во чаршијата, наведени во списокот во продолжение:
Бр. Објект Слика Датум на прогласување Забелешка 1 Иса-бегова џамија center|150п 27 јули 1950 2 Исхак-бегова џамија center|150п 27 јули 1950 3 Мустафа-пашина џамија center|150п 27 јули 1950 4 Саат-кула center|150п 27 јули 1950 5 Црква „Св. Спас“ center|150п 27 јули 1950 6 Даут-пашин амам center|150п 10 март 1952 7 Камен мост center|150п 10 март 1952 8 Куршумли ан center|150п 10 март 1952 9 Тврдина Кале center|150п 10 март 1952 10 Турбе на Исхак-бег 13 јануари 1953 Турбето е само делумно сочувано. 11 Турбе на Јигит-паша 13 јануари 1953 Турбето е срушено и повеќе не постои, а сочувани се само остатоци од гробот. 12 Султан-муратова џамија center|150п 10 февруари 1953 13 Ѓулчилер амам center|150п 2 јули 1954 Објектот е срушен и повеќе не постои, а сочувани се само остатоци од него. 14 Стара нова бања 2 јули 1954 Објектот е срушен и повеќе не постои, а сочувани се само остатоци од него. 15 Сули ан center|150п 10 август 1957 16 Чифте амам center|150п 10 август 1957 17 Црква „Св. Димитрија“ center|150п 10 декември 1963 18 Џамија Дуќанџик center|150п 10 декември 1963 19 Капан ан center|150п 10 декември 1963 20 Мурат-пашина џамија center|150п 10 декември 1963 21 Џамија Худаверди 10 декември 1963 22 Безистен center|150п 10 август 1967 23 Вилаетски конак „Уќумат“ center|150п 13 ноември 1967 24 Стара турска пошта center|150п 13 ноември 1967 25 Џамија Хаџи Балабан center|150п 18 ноември 1967
Закон за Старата скопска чаршија На 13 октомври 2008 година, Собранието на Република Македонија донесе закон за Старата скопска чаршија, која беше прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата. Со усвојвуањето на овој закон се овозможува трајно зачувување на вредностите и автентичноста на чаршијата, создавање на поволни услови за опстанок и задржување на интегритетот на сите податоци, ширење на сознанијата за нејзините вредности, нејзино оспособување да им служи на културните, образовните, научните и други потреби на граѓаните, како и спречување на дејствија со кои може да настане оштетување или деграадирање. Во него, исто така, детално се опишани границите на чаршијата, а определени се и три контактни зони на нејзиниот простор. Се наведува и дека во Старата скопска чаршија не смее да се менува постојната урбана структура, да се градат или внесуваат индустриски капацитети шро придонесуваат за разни форми на загадување, да се подигаат меморијални споменици и спомен-обележја коишто не се поврзани со настанокот и развитокот на чаршијата и да се врши ископ на темели или подруми и да се изведува каков било друг вид на градежни работи без претходно спроведување на заштитни археолошки истражувања. Законот содржи и програма за ревитализација на чаршијата, која е пропишана со времетраење од 5 години.Закон за прогласувње на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Службен весник на РМ, бр. 130 од 15.10.2008 година.
Во ноември 2010, беа најавувани измени на Законот поради фактот што чаршијата е сместена на границата меѓу општините Центар и Чаир. Во таа прилика, министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, изјави дека сите аспекти поврзани со заштитата на чаршијата интегрално ќе бидат разработени во посебен Детален урбанистички план.Посебен ДУП за Старата чаршија, Нова Македонија, 2 ноември 2010.
Проект за собирање податоци Кон крајот на 2008 беше претставен проектот за собирање податоци за секој објект во чаршијата. Со него беа опфатени околу 600 објекти, а првата фаза се состеше во издавање на лична карта за секој поединечен објект. Крајна цел на проектот беше обезбедување документација со опсежни податоци и нејзино вклучување во Деталниот урбанистички план за Чаршијата, но и утврдување на мерки за обновување на објектите на нејзиниот простор.Секој објект во Чаршијата со лична карта, Вечер, 20 декември 2008.
Програма за ревитализација Програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија започна да се спроведува во февруари 2010 година и се очекува да заврши во 2015 година. Со неа се предвидува обновување на фасадите на старите куќи, поддршка на занаетите во чаршијата и постигнување економски развој, организирање на туристички прошетки, организирање на изложби, концерти и други културни настани и донесување на одредби за заштита на градбите и задржување на автентичноста.Почнува ревитализацијата на скопската чаршија , Дневник, 17 февруари 2010. За извршувањето на програмата одговорна е Владата на Република Македонија, која раководи со помош на шест надлежни министерства.Програма за ревитализација на Старата скопска чаршија - Институции , официјално мрежно место на програмата.
Поврзано Историја на Старата скопска чаршија; Список на знаменитости во Старата скопска чаршија; Стара скопска чаршија.
Наводи
Надворешни врски Закон за прогласувње на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Службен весник на РМ, бр. 130 од 15.10.2008 година.
Категорија:Стара скопска чаршија