Петалино — напуштено село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
Селото е сместено во битолскиот дел на Мариово, оддалечено 47 километри источно од Битола и 32 километри југоисточно од општинскиот центар Новаци.
Историја
Демографски статистики за селото Петалино:
Османлиски дефтериДомаќинстваНеженетиВдовициГодишен приходДефтер бр. 4 од 1476/77 г.1712682Дефтер бр. 16 од 1481/82 г.22689Дефтер бр. 73 од 1519 г.2921200Дефтер бр. 149 од 1528/29 г.33611608Дефтер бр. 232 од 1544/45 г.18221181
Стопанство Население
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Петалино имало 48 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 10 до 25 Македонци.
Податоците за Петалино, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се вклучени во податоците за селото Груништа.
Селото е целосно раселено, така што според пописот од 2002 година во селото не биле забележани жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Село Петалино, Мариово
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци
Категорија:Раселени села во Македонија