Орман — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба мини|лево|250п|Охридско Езеро гледано од ридот Чекоштина. Лежи на источните падини на ридот Чекоштина. Се наоѓа на околу 2,5 км северозападно (воздушна линија) од средиштето на Охрид. Северно од Орман е Долно Лакочереј кое е оддалечено околу 2 км (воздушна линија). На северозапад е Подмоље на 3,6 км далечина во воздушна линија. Од Охридско Езеро оддалечено е околу 1,8 км во воздушна линија.
Историја Во XIX век селото било дел од Охридската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство мини|лево|200п|Поранешна продавница во средиштето на Орман.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 50 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орман имало 88 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орман е претставен како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 11 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.
Според пописот на населението во Македонија од 2002 година, селото има 104 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 119 жители, од кои 106 Македонци, 2 Албанци и 11 лица без податоци.
Родови Орман е македонско село.
Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:
Доселеници: Тодоровци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Оровник, го знаат следното родословие: Никола (жив на 67 г. во 1978 година) Димо-Тодор, основачот на родот кој се доселил, тоа било во 1880 година; Стојановци (10 к.) доселени се од селото Косел; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се од селото Завој; Трајковци (1 к.) доселени се од селото Куратица; Балазовци (1 к.) доселени се од селото Велмеј, Дебрца; Николовци (3 к.) доселени се во 1933 година од селото Косел; Ристевци (3 к.) доселени се во 1934 година од селото Речица; Трајчевци (3 к.) доселени се од селото Коњско; Младеновци (2 к.) и Ничевци (1 к.) доселени се од селото Коњско после Втората светска војна; Неделковци (1 к.) доселени се од селото Куратица после Втората светска војна; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Свиништа после Втората светска војна.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости мини|250п|Црквата која се наоѓа одвоена од селото, на запад. мини|150п|Опеничка Река кај Орман. Цркви Црква „Св. Наум Охридски“ Археолошки наоѓалишта Маалски Рид — населба и некропола од римското време; Мауцкер — градска населба од хеленистичкото време од IV век п.н.е;Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошки сондажно истражување на Мауцкер Орман — населба од младото камено време и некропола од римското време Чекоштина — некропола од доцноантичкото време; Реки Опеничка Река - позната и како Коселска Река или Даљан
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Но и покрај тоа што во селото се забележувало доселување од околните села. Тоа сепак и дало иселеници. До 1980 година иселеници има во Охрид (две семејства) и во Австралија (четири семејства).
Орманчани се иселиле во селото Подмоље.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Охридски села Категорија:Села во Општина Охрид