Ванчо Петрушевски (Скопје, — , Скопско, Официјална страница на Драмски театар Скопје) — македонски глумец и хуморист.

Животопис Роден е во 1951 г. во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа во Скопје, отсек за глумечки кадри, во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент дошол до израз веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ. Исто така, учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии итн. Починал на 28 август 2018г. од последица на струен удар.

Награди Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски Најпопуларно ТВ-лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“ Награда за најдобро глумечко остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ — Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ Државна награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година Објава за државна награда Награда „11 Октомври“ во 2016 година

Филмографија

Година Филм Улога1970-ти▲1975 Прва вечер ТВ-филм 1977 Пресуда ТВ-филм 1977 Итар Пејо ТВ-серија1978 Сеќерна приказна ТВ-филм 1979 Наши години ТВ-серија Машиновозач1980-ти▲1982 Илинден ТВ-серија1983 Записник ТВ-филм 1984 Лет во место ТВ-филм Зографот1984 Диво месо ТВ-филм Ацо1984 Го мемираше мојот јастреб ТВ-филм 1984 Хихирику - 5 години ТВ-серија 1984 Камчевци ТВ-серија 1984-1985 Легенди и преданија ТВ-филм 1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија 1985 На наш начин ТВ-серија 1985 Дупло дно ТВ-филм Јаков1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија 1985-1986Крале Марко јунак стана ТВ-серија Суљо1985Од зад грб ТВ-филмСелим1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм Шофер1986 Солунски патрдии ТВ-серија Сотка1986 Климент Охридски ТВ-филм Ангелариј1986-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1987Театарче лево ќоше ТВ-серија1987 Трето доба ТВ-серија 1987 За трошка среќа ТВ-филм Милиционер1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Цаци1988Чук, чук Стојанче ТВ-серија1988-1990 Тврдокорни ТВ-серија 1990-ти▲1990 Еурека ТВ-серија Цаци1990-1991 Опстанок ТВ-серија Шумарот Миле1991 Женски оркестар ТВ-филм1991 Тетовирање ТВ-филм Жика1991 Поштар ТВ-филм Иван1991 Елелига пепелига ТВ-серија 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија 1993 Грев или шприцер ТВ-филм Поштарот Миле1993-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија / 1993 Црно бело во боја ТВ-филм /1994 Пред дождот ТВ-филм 1994 Прекалени ТВ-серија 1995 Бус за дус ТВ-серија 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1995 Ангели на отпад ТВ-филм Матеј1995-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија /1997 Вујко Вања ТВ-филм Телегин 1998 Салон Хармони ТВ-серија Панајот1999 Хихирику ТВ-серија 1999 Време, живот ТВ-филм Иван1999 Каца ТВ-филм Полицаец 22000-ти▲2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Ристе2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија /2001 Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филм Попот2002 Заведени ТВ-серија Попот2003 Битолски лакрдии ТВ-серија Кондураџија2004 Хихирику ТВ-серија 2006 Пусто турско ТВ-филм 2006-2009Македонски стари приказни ТВ-серија2007 Досие-К ТВ-филм Инспектор Ацо2007Цимери ТВ-серија 2007Патување со рабробил ТВ-филмЧичко Прохор2007-2010 Народни приказни ТВ-серија2008 Куќен совет ТВ-серија2009 Балкан бенд ТВ-серија Венеса2010-ти▲2010-2012Македонски народни приказни ТВ-серија 2010 Царската е последна ТВ-филм Советник2012-2014 Тврдокорни 2 ТВ-серија Бегот2012-2015Македонски стари приказни ТВ-серија2014Приказни од животот 2015Збор ТВ-филм Прв човек2015-2017 Македонски стари приказни ТВ-серија /2017 Вистински приказни ТВ-серија Павле2018 Мејкинг оф ТВ-филм

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1951 година Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Југословенски глумци