Монголската инвазија на Русија претставува инвазија која довела до распаѓање на Киевска Русија. Во 13 век, Киевска Русија се соочила со инвазија од страна на Монголците која инвазија довела до разрушување на голем број градови меѓу кои и Рјазањ, Коломна, Москва, Владимир и Киев.

Заднина

Во почетокот на 13 век во Средна Азија на теритирията од Бајкал до горниот дел на Енисеј и Иртиш на север до јужните области на пустината Гоби и Кинескиот ѕид се создало Монголското Царство. Во 1206 година крај реката Онон се одржило собрание на монглските велможи на кое за водач на монголски племиња бил избран Џингис Хан, "испратен од Бога" (1206 - 1227). Откако ги победил своите противници, тој започнал да управува со земјата со помош на своите роднини и локалните велможи. Поконсолидацијата на својата власт тој започнал инвазија во Кина (1215), Кореја (1218), Средна Азија (1219). По ова тие навлегле на територијата на денешна Русија, каде ги поразиле на Куманите и Аланите, кои пак се обратиле на помош кон руските кнезови.

Инвазија

Куманите биле предводени од страна на Хан Котјан. На 31 мај 1223 година, монголските сили ги поразиле на сојузничките кумани и Руси во Битката кај реката Калка David Nicolle, Kalka River 1223: Genghiz Khan's Mongols Invade Russia, Osprey Publishing, 2001, ISBN 1-84176-233-4 Несогласувањата меѓу руските кнезови продолжила. Киевскиот кнез Мстислав Романович не зел учество во оваа битка и се упатил на еден рид, по кое барал дека ќе ги предаде земјите доколку Монголците ги поштедат. И покрај ветувањето, тој и неговите сили биле сите погубени, а по ова силите на Џингис Хан продолжиле кон реката Дњепар.

Ивазиите продолжиле и во 1230-тите, а на 4 февруари 1238 година, Монголците го запалиле градот Владимир,Tatyana Shvetsova, The Vladimir Suzdal Principality а истото го направиле и со другите поголеми градови во североисточна Русија. Русите, исто така доживеале пораз и во Битката кај реката Сит Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, стр. 139, ISBN 052136832, по која Монголците се насочиле кон Полска и Унгарија.Piero Scaruffi, A Time-line of the Mongols, 1999 Монголците до тој момент ги имале освоено поголемиот дел од руските кнежевства. Единствено Новгородската Република ја избегнала окупацијата и продолжила да се развива во склопот на унијата Ханза.Jennifer Mills, The Hanseatic League in the Eastern Baltic , SCAND 344, мај 1998

Во текот на инвазијата, повеќе од 500.000 луѓе загинале или биле убиени, што претставува 7% од тогашниот број на население во земјата.

Бату хан

Во есента 1236 година, монголеките орди со околу 35.000 стрелци, ја преминале реката Волга и ја нападнале Волшка Бугарија. По една година тие успеале да ја заземат целата нејзина територија.

Во ноември 1237 година, Бату хан ги испратил своите пратеници кај Јуриј II кој одбил да ги прими. По само еден месец, ордите најпрвин го опседнале градот Рјазањ, а по шестдневна крвава битка градот бил срушен до темел. По ова следувало и пустошење на Коломна и Москва, за да на 4 февруари 1238 година под опсада биде ставен градот Владимир. По само три дена градот бил заземен и срушен до темел. Дел од кралското семејство загинале во пожарите.

Бату хан продолжил со ограбувањата на четиринаесет градови во денешна Русија. Малиот град Козелск бил целосно уништен, притоа загинале 4.000 негови жители. Од поголемите градови, недопрени останале само Новгород и Псков. При опсадата на Новгород, монголите и покрај напредувањето, неочекувано се повлекле.

Во летото 1238 година, Бату Кан го уништил Крим, а во 1240 ордата навлегла во Киев. По ова следувал напад кон Полска и Унгарија. До 1242, Бату хан веќе ги контролирал Австрија и Далмација, за да стигне веста за смртта на врховиот хан Угедеј. Како потенцијален негов наследник, тој се вратил во Средна Азија но не станал врховен хан. Во 1242 година тој заминал во градот Сарај на реката Волга, основајќи ја Златната орда.

Влијание

Влијанието на Монголското Царство на територијата на Киевска Русија било огромно. Културата на Киевска Русија била речиси уништена. Постарите руски центри како Киев и Владимир по војната не биле долго време обновени ,, а поновите градови како Москва,Muscovy, извадок од Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8 Твер и Нижни НовгородSigfried J. De Laet, History of Humanity: Scientific and Cultural Development, Taylor & Francis, 2005, стр. 196, ISBN 92-3-102814-6 започнале да се натпреваруваат за хегемонијата на монголската доминација во Русија. Иако руската војска ја поразила Златната Орда во Битката кај Куликово во 1380 година,, монголската доминацијата на руска територија продолжила до 1480 година.

Наводи

Категорија:Киевска Русија Категорија:Судири во 13 век Категорија:Инвазии на Белорусија Категорија:Инвазии на Украина Категорија:Инвазии на Русија Категорија:Историја на Монголија