Рио Гејвин Фердинанд (роден на 7 ноември 1978) — англиски фудбалер. Тој игра на позицијата централен одбранбен играч и во моментов настапува за Манчестер Јунјатед во Премиер лигата. Тој има одиграно вкупно 81 натпревар за Англија а воедно бил и учесник на три Светски првенства.

Федринанд ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за различни младински фубалски екипи, за конечно да заигра за Вест Хем Јунајтед каде што напредувал преку младинските редови за во 1996 година да го забележи своето професионално деби во Премиер лигата. Тој набргу станал омилен меѓу навивачите на клубот, и ја добил таканаречената награда Чекан на годината (Hammer of the Year) веќе наредната сезона. Потоа, тој го направил своето деби и во сениорската репрезентацијата во 1997 година во натпревар против Камерун, поставувајќи рекорд за најмлад одбранбен играч кој играл за репрезентацијата на Англија дотогаш. Неговите достигнувања и потенцијалот кој го поседувал биле интересни за тимот на Лидс Јунајтед, па тој преминал во редовите на белите за рекордна сума од 18 милиони фунти. По изминати две сезони како играч на Лидс во 2001 година тој станал капитен на клубот од Западен Јоркшир.

Во јули 2002 година, Фердинанд потпишал за Манчестер Јунајтед за сума од околу 30 милиони фунти, со што уште еднаш го надминал рекордот за најскап трансфер. Во неговата прва сезона во клубот тој ја освоил Премиер лигата што бил негов прв поголем клупски успех. Во септември 2003 година тој пропуштил да се појави на допинг тест поради што бил казнет со отсуство од натпреварувањето од осум месеци од јануари па сè до септември 2004 година. Тој пропуштил половина сезона во Премиер лигата, триумфот на Манчестер Јунајтед во ФА Купот како и квалификациите за Европското првенство во 2004 година. По неговото враќање, тој се промовирал во првиот тим на Јунајтед и добивал честитки за неговите игри, влегувајќи во Тимот на годината во Премиер лигата трипати во четири години. Друг позабележителен клупски успех имал во сезоната 2006-2007 освојувајќи ја Премиер лигата и во годината што следела после таа кога со клубот освоил двојна титула (уште еден наслов во Премиер лигата и неговиот прв во Лигата на шампионите).

Фердинанд заедно со неговата сопруга Ребека Елисон имаат три деца, Лоренц, Тејт и Тиа. Тој е роден во фудбалска фамилија: неговиот брат Антон Фердинанд е исто така центарален одбранбен играч и во моментов настапува за Бурсаспор, а поранешниот англиски репрезентативец, напаѓачот Лес Фердинанд е негов братучед како и играчот од средината на теренот на Питерборо Кејн Фердинанд. Надвор од теренот тој е вклучен во младински добротворни организации, филмови, музика и теливизија вклучувајќи ја и комичната серија „Rio’s World Cup Wind-Ups“.

Рани години Почетни години и образование Фердинанд е роден во Денмарк Хил, Лондон, но израснал во Пекам. Тој е син на Џанис Лавендер и Џулиан Фердинанд (по потекло од Света Луција). Фердинанд пораснал во дел од машки манастир во Пекам како дел од голема фамилија. И двата негови родители работеле за да го издржат семејството, неговата мајка како негувателка на деца, додека неговиот татко како кројач. Неговите родители никогаш не се венчале и се разделиле кога тој имал 14 години. Неговиот татко останал блиску, се преселил во близина на имотот, и бил подготвен да остане вклучен во животот на неговите деца, носејќи ги да тренираат фудбал и во локалните паркови. Учел во основното училиште Камелот и бил енергично дете кое покрај други како херои ги имал Мајк Тајсон и Диего Марадона.

Фердинанд бил добро воспитан и бил среќно дете но исто така требало да учи да живее без луксузи во сиромашниот Пекам, област во Лондон каде што скоро половина од населението е категоризирано како сиромашно или на граница на сиромаштија. Насилството и криминалот биле вообичаена појава во областа каде што тој живеел. Како и да е, тој претежно ја одбегнал темната страна на сосетството. На училиште, се фокусирал на математика и имал можност да настапи пред публика за време на школската изведба на Багзи Малоун. Тој исто така ги импресионираше неговите соученици со вештината која ја поседувал на игралиштето, редовно играјќи фудбал, сонувајќи да стане професионалец и да посети нови места.

Тој одлучил да му се приклучи на училиштето Blackheath Bluecoat, училиште нешто поодалечено од неговата куќа, со цел да запознае нови пријатели и се вклопил добро, чувствувајќи како да му расте самодовербата. Неговата втора година ја одбележала смртта на неговиот другар, Стивен Лоренс, а тој настан го демонстрира присуството на насилство. Фердинанд имал физичка енергија која ја користел не само во фудбалот и гимнастичките спортови туку и во драмата, театарот и балетот исто така. Тој бил дете со можности: тој го претставуваше Садарк во гимнастика на младинските игри во Лондон, до својата 10 година бил поканет да тренира во академијата на Квинс Парк Ренџерс, a на 11 годишна возраст тој добил стипендија да присуствува во Централното училиште за балет во Лондон. Тој присуствувал на часовите за балет, патувајќи во центарот на градот четири дена неделно цели четири години. Како и да е, додека часовите сигурно му го подобрувале балансот, неговата желба била професионалниот фудбал.

Младинска кариера Супериорните фудбслски способности на Фердинанд биле евидентни уште од дете, кога тој имал 11 години младинскиот тренер, Дејвид Гудвин, му рекол: ,,Ќе те викам Пеле сине, бидејќи го сакам начинот на кој играш.” Фердинанд редовно играл за младинските тимови а во Елтам Таун играл како офанзивен играч за врска но тимските скаути, наместо тоа, во него виделе физички потенцијал потребен за ценрален одбранбен играч. Тимовите се натпреварувале за услугите на младиот фудбалер па за време на млдоста тој тренирал со голем број клубови: Чарлтон Атлетик, Челзи, Милвол и Квинс Парк Ренџерс. Фердинанд бил љубопитен за различни места па патувал дури до север, каде присуствувал во тренинг кампот на Мидлзборо, поминувајќи добар дел од училишните распусти таму.

Лондонскиот тим Вест Хем Јунајтед требало да биде неговиот прв фудбалски дом, но како и да е, тој му се прилучил на младинскиот систем на клубот во 1992 година. Тој го потпишал првиот младински договор во јануари 1994 година и играл заедно со фудбалери како Френк Лампард во академијата. Во очекување на успеси на клупско ниво, исто така започнала неговата репрезентативна карирера кога на 16 години тој и се приклучил на англиската младинска репрезентација во групите за Европското првенство, добивајќи го првото искуство во интернационалните натпреварувања.

Сениорска кариера Вест Хем Јунајтед Првично забележан од скаутот Френк Лампард Сениор, Фердинанд се пробивал низ младинските тимови, заработувајќи професионален договор и место во првиот тим. На 5 мај 1996 година, Фердинанд го забележал неговото деби за првиот тим, откако влегол како измена за Тони Коти во последниот натпревар на чеканите во сезоната, во ремито 1-1 на домашен терен со Шефилд Венздеј. Во сезоната 1997-98, Фердинанд ја добил наградата ,,Чекан на годината” на возраст од само 19 години.

Лидс Јунајтед Фердинанд му се приклучил на премиерлигашот Лидс Јунајтед во ноември 2000 година за 18 милиони £, дотогаш рекорден трансфер во Британија како и најскап одбранбен играч во светот. И покрај непријатниот старт на неговата кариера на Еланд Роуд, започнувајќи со пораз од Лестер Сити од 3-1 на неговото деби, Фердинанд добро се вклопил добро и станал клучен дел од тимот на Лидс кој стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, постигнувајќи гол со глава во четвртфиналето против шпанската Депортиво Ла Коруња. Други достигнувања за време на неговиот престој во Западен Јоркшир се головите против Ливерпул на Енфилд и голот кој го постигна на неговото враќање на Аптон Парк. Наредната сезона, во август 2001 година, тој станал капитен на клубот откако го заменил во оваа должност Лукас Радебе и забележал импресивни настапи во вториот дел на кампањата, и покрај тоа што Лидс не успеал да се избори за место во првопласираните четири тима и да избори квалификации за натпреварувањето во кое фигурираа толку забележително претходната сезона. За време на Светското првенство 2002-та, почнале да се слушаат гласини дека клубот бил во голема финансиска криза и дека нивниот нов менаџер Тери Венеиблс ќе биде принуден да се раздели со неговиот главен одбранбен играч за одредена сума пари. Подоцна истото лето после импресивните настапи на Светското првенство за Англија, Лидс ја прифатил понудата од 29,1 милиони фунти кој ја испратил Манчестер Јунајтед за Фердинанд, како резултат пред сè на нивната финансиска состојба.

Манчестер Јунајтед 2002- 2007 година

На 22 јули 2002 година, Фердинанд му се приклучил на еден од најуспешните тимови во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, потпишувајќи петгодишен договор. Со овој договор тој станал најскапиот британски фудбалер во историјата, а воедно и наскапиот одбранбен играч во светот по вторпат, титлула која ја имал загубено само во 2001 година од Лилијан Тирам. Цената вклучувала основен елемент од 20 милиони фунти, и некои последователни елементи кои дозволувале на Лидс да му соопшти на навивачите дека го продале за повеќе од 30 милиони фунти. Подоцна Лидс Јунајтед добиле еднократно плаќање вклучувајќи ги сите елементи кога биле очајни за пари за време на финансиската криза. Конечната вредност на договорот на Фердинанд со Манчестер Јунајтед достигнала до 34 милиони фунти. Оваа сума вклучувала и такси за агенти, со што Лидс доби нешто под 30 милиони фунти. Фердинанд ја освои Премиер лигата со Манчестер Јунајтед во неговата прва сезона во клубот. Тој исто така добил медал наменет за победникот во Лига купот во 2006 година, а бил и вицешампион во Лига купот во 2003 година и во ФА Купот во 2005 година. Во септември 2003 година тој не се појавил на допинг тест, истакнувајќи дека заборавил бидејќи бил презафатен со селењето на куќата и наместо тоа бил да купува. Дисциплинскиот комитет на ФА на чело со Бари Брајт му доделила осум месечна суспензија од јануари 2004 година за клупски и интернационални настапи и казна од 50.000 фунти, што значеше дека ќе го пропушти остатокот од сезоната и почетокот на наредната заедно со Европското првенство во 2004 година. Манчестер Јунајтед поднел жалба против пресудата и се обидел да повлече паралели со случајот и пресудата на играчот на Манчестер Сити Кристијан Негуаи кој бил казнет со 2.000 фунти за пропуштање на тест. Како и да е, претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјавил дека таква споредба е неприфатлива поради различностите во двата случаи. Негуаи бил заглавен во сообраќаен метеж и бил подготвен да полага тест, додека Фердинанд бил обвинет со ,,неуспех или одбивање” да присуствува на тестот. Двете и ФА и ФИФА барале суспензијата да се зголеми на 12 месеци. На крајот била усвоена првичната пресуда.

На 14 декември 2005 година Фердинанд го постигнал првиот гол за Манчестер Јунајтед во натпревар против Виган Атлетик, во победата од 4-0. Ова беше негов прв гол после повеќе од три години на Олд Трафорд. После ова следел гол со глава против Вест Бромвич Албион. Потоа тој постигнал гол во последната минута за победа против Ливерпул на Олд Трафорд, веројатно најважниот гол за Манчестер Јунајтед кој го има постигнато досега. Во друг натпревар во сезоната кој следел на 22 октомври 2006 година Фердинанд повторно потигна погодок за победа од 2-0.

После импресивните и постојани перфонманси во лигата, Рио бил избран во Тимот на годината во Премиер лигата за сезоната 2006-2007, заедно со седум од неговите соиграчи од Манчестер Јунајтед.

2007-денес thumb|Фердинанд во двобој со Олоф Мелберг во натпревар против Јувентус