Балканот не е мртов ― македонски игран филм, по сценарио на Дејан Дуковски,Balkanot ne e mrtov (2013) Александар Поповски и Ана Ласиќ, а во режија на Александар Поповски. Музиката ја компонирал Кирил Џајковски. Филмот е екранизација на истоимената драма на Дејан Дуковски од 1992 година.
Основни податоци за филмот „Балканот не е мртов“ е прв самостоен филм на режисерот Александар Поповски. Сценариото за филмот е напишано од Дејан Дуковски, Александар Поповски и Ана Ласиќ, а според истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски од 1994 година. Проектот за снимање на филмот бил одобрен уште во 2004 година, но поради бројните административни и технички проблеми, снимањето завршило дури во 2010 година. Филмот за првпат бил прикажан на фестивалот "Браќа Манаки" во Битола, во 2012 година, додека официјалната премиера пред публиката била одржана на 18 октомври 2013 година во киното "Милениум", во Скопје. Филмот е снимен во копродукција на продуцентските куќи "Кино око" и "ФхЗх" од Скопје, и "Аталанта" од Словенија. Снимањето било финансирано од Министерството за култура на Македонија и од Филмскиот фонд на Македонија, а вкупниот буџет изнесувал 850.000 евра."Балканот... цели на арт-фестивали", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.
Кратка содржина
1905 година. Европа го достигна зенитот на славата ....Европејците се вџашени од технолошките достигнувања на Хенри Форд и браќата Рајт. Чудото со сликата во движење на Џорџ Молие и појавувањето на Сара Бернар ги забавува европските градови. Паради на радост и луксузни партии ... Создадени се нови скулптури, нови споменици, нови архитектонски гиганти се изградени насекаде. Европејците ја поздравуваат новата епоха која конечно ќе го обедини стариот континент, да стави крај на војните и донесе радост, напредок и благосостојба на човештвото. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманското Царство се распаѓа.
Наводи
Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Македонски дела од 2013 година Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија