Долно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинското средиште Петровец и на 29 километри југоисточно од градот Скопје.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ѓурелери Зир и имало мешано христијанско и муслиманско население, каде имало 19 христијански и 24 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи христијани, со 9 новороденчиња и 85 мажи муслимани со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 312 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 310 жители.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Долно Коњари живееле 280 жители, од кои 240 Турци и 40 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.207

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Турци.

Во 1971 година во Долно Коњари живееле 596 жители, од кои 20 Македонци, 64 Албанци, 193 Турци, 10 Срби и 309 останати.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 568 Бошњаци, 121 Албанец, 7 Македонци, 6 Турци и само двајца останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 796 жители, од кои 8 Македонци, 140 Албанци, 8 Турци, 597 Бошњаци, 1 останат и 42 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————6601953—167118——...——6901961981371......1...27—49819712064193—...10...309—59619811897———1...540—65619911948519—1—614—70619942010669———601—742200271216———5682—704202181408———597142796

Родови Долно Коњари било турско село, денес е доминанто бошњачко

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Родови од турско потекло (Коњари-јуручко)

Доселеници: Есе-Пашалар (16 к.) они се анадолски доселеници. Кон крајот на XVIII век нивниот предок Есед-Паша, се населил во соседното село Средно Коњари. Таму останале потомците на тој паша. А еден од синовите на Есед-Паша се населил во Долно Коњари. Жителите на овој род потекнуваат од тој син; Алколар (15 к.), Доналари (14 к.), Сејдолари (11 к.), Даутлари (9 к.), Скачкалари (9 к.), Јуруклери (6 к.) и Шерколари (3 к.) тие се Турци-Јуруци. Во Долно Коњари се доселиле од некое село во Овче Поле. Во родот Алколари го знаат следното родословие: Муарем (жив на 46 г. во 1953 година) Беадин-Батлиман-Алко, основачот на родот кој се доселил.

Родови од албанско потекло

Доселеници: Елез Пала (21 к.) доселени се од Дебарско. Го знаат следното родословие: Нијаз (жив на 30 г. во 1953 година) Раман-Зејнула-Исен-Елез, кој се доселил; Емин-Буљукбаша (18 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Асип (жив на 25 г. во 1953 година) Сабедин-Ештрев-Али-Емин, основачот на родот кој се доселил.

Ромски родови

Доселеници: Фазлијини (1 к.), Али-Дамини (1 к.) и Куртишеви (2 к.) првите два рода во селото живеат од поодамна. Додека последниот род е доселен од селото В. Трновца кај Бујановац.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Личности Зеќир Рамчиловиќ (р. 1975) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година.ПРАТЕНИЧКИ СОСТАВ

Култура и спорт

Иселеништво Во селото порано живееле и православни Македонци. Тие потоа се иселиле во Горно Коњари (таму се родовите Долноселци, Чакареви), Сушица (Долноселци).

Од 1912 година од селото почнало да се иселува и муслиманското население. До 1953 година во Турција се иселиле 14 семејства.

Наводи

Надворешни врски