Виган Атлетик Фудбал Клуб е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во Виган, Грејтер Манчестер. Клубот се натпреварува во Премиерлигата, што е највисоко ниво на англискиот фудбал. Нивните моментален престој во Премиер Лигата е само петта сезона во врвот на англискиот фудбал во историјата на клубот.

Тие настапуваат на DW стадионот од 1999 година, споделувајќи го овој стадион со рагби екипата Виган Вориорс. Тие претходно играле на Спрингфилд парк цели 67 години . Прекарот на клубот е Латикс изведен од контракција на зборот "Атлетик".

Во сезоната 2011-12, Виган Атлетик беа најмладиот клуб во Премиер Лигата, формиран во 1932 година. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на ФА Купот во сезоната 2012-13, што за Виган значеше прво учество во некој од европските турнири, настап во Лигата на Европа следната сезона.

Играчи Моментален Состав

Познати бивши играчи Питер Атертон Лејтон Бејнс Џими Балард Рој Керол Паскал Чимбонда Питер Кор Алан Махон Арјан де Зеув Нејтн Елингтон Дејвид Феиркло Џон Филан Арчи Гемил Ник Иден Џејсон Де Вос Андреас Гранквист Тајтус Брамбл Мат Џексон Пол Џуел Дени Ландзат Роберто Мартинес Дејвид Лоу Ли МекКалох Колин Метвен Стивен МекМилан Енди Вебстер Џо Паркинсон Маркус Бент Дејвид Рајт Енди Вебстер Јосип Скоко Џејсон Робертс Нил Робертс Хери Лајон Дејвид Ансворт Јан Џилибранд Алан Кенеди Шарл Н'Зогбија Мики Квин Мајк Њуел Нил Редфирн Антонио Валенсија Вилсон Паласиос Мохамед Диаме Уго Родалега

Трофеи ФА Куп : 2012./13.

Прва дивизија вицешампиони: 2004./05. Лига куп финалисти 2005./06.

Надворешни врски

Категорија:Фудбалски клубови од Англија