мини|250п|десно| Музејот Ерец Израел Музејот Ерец Израел (, хебрејски: מוזיאון ארץ ישראל) — основан во 1953 година во Тел Авив. Содржи голем број археолошки, антрополошки и историски артефакти организирани во серија изложбени павилјони. Секој павилјон е посветен на друга тема: стакларија, керамика, монети, бакар итн. Музејот исто така има и планетариум.
Музејското крило „Човекот и неговото дело“ содржи современи демонстрации на антички методи на ткаење, производство на накит и керамика, мелење жито и печење леб. Тел Касил, ископина во која биле откриени 12 различни културни слоеви, се наоѓа во основата на музејот.
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Музејот Ерец Израел
Категорија:Музеи во Израел Категорија:Израелска култура