Маркетинг или опазарување — најширок третман во економската литература наоѓа како деловна политика на претпријатието, но не како класичен систем, туку како посебен вид деловна политика. Традиционално, „маркетинг“ е поим што се „лепи“ на процесот на поврзување на производителите (или потенцијалните производители) на еден производ или услуга со потрошувачите - и постоечките и потенцијалните. Методите на маркетингот влечат корени од општествените науки, особено од психологијата, социологијата и економијата. Преку рекламирањето, маркетингот, исто така, е поврзан и со креативните уметности. Маркетинг е процесот кој се користи за да се определи кои производи или услуги може да бидат во интерес на купувачите и која стратегија треба да се користи во продажбата, комуникациите и бизнис развојот. Ја генерира стратегијата што лежи во техниките на продажба, бизнис комуникација и бизнис развој. Тоа е интегриран процес низ кој компаниите градат цврсти врски со потрошувачите и создаваат вредност за нивните потрошувачи и за себеси. Маркетинг се користи за да се идентификува потрошувачот, да се задоволи потрошувачот и да се задржи потрошувачот. Со купувачот во фокусот на овие активности, маркетинг управувањето е едно од најзначајните компоненти во бизнис раководењето. Како последица на стагнацијата во развојот и иновацијата на постоечките пазари во последните 2-3 години, произлезе маркетингот за да ги постави фазите во развојот на нови пазари. Имплементирањето на маркетинг стратегии , како мерка за да останат профитабилни, бара бизнисите да го сменат фокусот кон производство и да го насочат кон перцепцирани потреби и желби на нивните купувачи. Поимот маркетинг концепт значи дека достигнување на организациските цели зависи од познавање на потребите и желбите на целните пазари и испорачување на посакуваните задоволства. Предложува дека со цел да ги задоволи своите организациски цели, организацијата треба да ги предвиди потребите и желбите на купувачите и истите да ги задоволи поделотворно од конкуренцијата. Во 1926 година, Соединетите држави го создадоа Националното здружение за маркетинг и рекламирање. Американското маркетинг друштво е основано врз основа на тоа, а во 1973 година оваа организација беше преименувана во Американско здружение за маркетинг - АМА. Подоцна слични здруженија и организации се појавија во Западна Европа, Канада, Австралија и Јапонија.

Маркетингот, најопшто кажано, има задача да ја достави стоката или некоја услуга од точката на производството до точката на побарувачот на таа стока или услуга. Како основна маркетиншка цел се поставува зголемувањето на обемот на продажбите или раширување на пазарниот удел.

За да се реализира една маркетиншката цел, маркетолозите комбинираат одредени одлики на производите, цените, дистрибуцијата и нејзините канали и маркетиншките комуникации. Со еден збор, формираат '''маркетиншки микс. Тој маркетиншки микс се разработува за конкретен пазар, при што решенијата се добиваат врз основа на претходни маркетиншли истражувања кои покажуваат што точно сакаат побарувачите:

дали се подготвени да дадат повеќе пари за одреден производ, колку се запознаени со функционирањето на тој производ, каде се навикнати да пазаруваат и на каков начин; колку временските фактори влијаат врз него и колкава е разликата меѓу желбите за успех производот и реалните можности што ги има на пазарот.

Во современета теорија и практика синоними на маркетинг миксот се „маркетиншките средства“, „маркетиншките елементи“ и „маркетинчкиот комплекс“. Особено популарно е именувањето „4Р” од првите букви на англиските зборови: Product /производ/; Price /цена/; Place /пласман, дистрибуција/; Promotion /комуникација, промоција/.

Дефиниции

Со текот на времето, маркетингот е дефиниран од страна на АМА како организациска функција и сет од процеси за создавање, комуницирање и испорачување на вредност до купувачите и за раководење на врските со купувачите во насока на корист на организацијата и акционерите. Терминот се развил од првичното значење кое буквално се однесувало на одење на пазар за да се купат или продадат стоки или услуги. Гледано од точка на системско инженерство, продажниот процес на ИТ маркетингот е “сет од процеси кои се меѓусебно поврзани и меѓусебно зависни со други функции, чии методи може да бидат подобрени со користење на релативно нови пристапи.” Чартерд Институтот за Маркетинг го дефинира маркетингот како “управувачки процес одговорен за препознавање, предвидување и профитабилно задоволување на барањата на клиентите.” Поинаков концепт е маркетинг според вредноста кој тврди дека улогата на маркетингот е да придонесе во зголемувањето на богатството на инвеститорите. Во тој контекст маркетингот е дефиниран како “управувачки процес кој цели на зголемување на повратокот на сопствениците со развивање на врски меѓу вреднуваните купувачи и создавање на конкурентска придобивка.” Во минатото маркетинг практиката се стремела да биде означена како креативна индустрија која вклучува рекламирање, дистрибуција и продавање. Бидејќи научната студија по маркетинг вклучува широка употреба на општествени науки, психологија, социологија, математика, економија, антропологија и неврологија, денес професијата е широко препознаена како наука, овозможувајќи бројни универзитети да нудат постдипломски (м-р) програми. Целокупниот процес започнува со маркетинг истражување и во насока на пазарна сегментација, бизнис планирање и изведување,и завршува со пред и пост-продажни промотивни активности. Исто така е поврзан со многу креативни уметности. Маркетинг литературата е посветена на своевидно повторно создавање и создавање на вокабулар според времето и културата. Броун (2010) откри дека супермаркетите трошат милиони долари на интензивно истражување и проучување на однесувањето на купувачите. Нивна цел е да се осигураат дека купувачите заминуваат потрошувајќи многу повеќе од она што на почетокот го планирале. Институтот “Избор” ја проучи теоријата на тролеологија сознавајќи дека многу купувачи инстинктивно погледнуваат на десно кога се во супермаркет. Супермаркетите ловат на оваа биолошка особина со позиционирање на многу скапи поттикнувачки производи за купување на десната страна на касата. Овие производи се содржат од последните ДВД изданија, списанија, чоколади, скапи батерии и други искушувачки производи на кои нормално не би се помислило. Појдовна точка на уште една маркетинг тактика е постојаното преместување на производите, што го прават супермаркетите сè со цел да ги збунат купувачите. Д-р Пол Харисон, психологист специјализиран во областа на пазарната потрошувачка,(цитиран во Браун,2010) смета дека супермаркетите константно користат разлчни методологии на продавање. Еден метод е изведување на постојани анализи на менување на локацијата на производите наоколу, сè со цел да го сменат навикнатото купување и да го намалат вашиот буџет. Харисон исто смета дека поголема е веројатноста луѓето кои купуваат во насока спротивна од стрелките на часовникот да потрошат повеќе пари за разлика од лицата кои купуваат во насока на стрелките на часовникот. Психологистите специјализирани во оваа област ( цитирано во Браун,2010) согледале дека најголемиот број луѓе пишуваат со нивната десна рака, биолошка одлика дека луѓето ја имаат тенденцијата на свртување на десно кога купуваат,па оттука е разбирливо што супермаркетите профитираат на овој факт. На десната страна се обично се наоѓаат привлечни производи што купувачот без размислување би можел да ги земе на пр. чадор кога времето е мрачно.

Маркетинг еволуција

Главна статија : Маркетинг историја

Во маркетинг контекст, ориентацијата се поврзува со перцепција или однесување на фирмата кон производот или услугата, особено во врска со конзументите или крајните корисници. Низ историјата, маркетингот бележи значителни промени во вкусот на потрошувачите.

Ран пристап

Маркетинг ориентацијата произлезе од поранешните ориентации и тоа, производната ориентација, ориентацијата на производот и продажната ориентација.

Модерни пристапи

Неодамнешните пристапи во маркетингот вклучуваат односен маркетинг во чиј фокус е потрошувачот , бизнис маркетинг или индустриски маркетинг кој е насочен кон организацијата или институцијата и општествен маркетинг фокусиран на придобивките на општеството. Новите форми на маркетинг поради употребата на интернет се наречени интернет маркетинг или попознато како е-маркетинг, онлајн маркетинг, маркетинг пребарување, десктоп рекламирање или партнерски маркетинг. Тие се обидуваат да ја усовршат стратегијата на сегментација која била користена во традиционалниот маркетинг. Поконкретно се насочуваат кон јавноста и затоа понекогаш се наречени персонализиран маркетинг или еден-на-еден маркетинг. Понекогаш се смета дека интернет маркетингот е широк во обем, бидејќи вклучува не само маркетинг на мрежни места туку и маркетинг низ е-пошта адреси и безжични медиуми.

Насоченост кон потрошувачот

Компанијата во пазарната економија опстојува со произведување на стоки што луѓето сакаат и се во можност да ги купат.Според тоа витално е утврдувањето на пазарната потрошувачка за да се добие слика за понатамошното егзистирање и отпорност на компанијата во случај кога не постои потенцијална закана за ликвидирање . Многу компании денес го насочуваат фокусот кон потрошувачите ( или кон пазарот). Ова имплицира дека компаниите ги фокусираат своите активности и производи на барањата на купувачите. Претежно, има три начини да се направи ова: пристап кон потрошувачите, пристап на препознавање на пазарните промени и пристап на производна иновација. Маркетинг микс

Производ

При продуктивното истражување најнапред се проучуваат:

карактерот на стоката или услугата, односно корисноста и квалитетот на стоката или услугата; нејзината функционална одлика односно начинот на исполнување на својата функција, нејзината долготрајност, можноста за служење на потрошувачот, начинот на примање на квалитетот кај потрошувачот; нејзината конкурентна способност да влијае врз производите кои се продаваат кај директните конкуренти; дали се користи како трговска марка; каква амбалажа и маркировка користи и сл.

Цена

При ценовото истражување најмногу се обрнува внимание на формирање на цената што:

ќе биде прифатлива од страна на потрошувачот ќе биде прифатлива од страна на производителот

Во врска со потрошувачот, исто така се проучуваат склоноста на потошувачот односно факторите што влијаат врз него при земање на решение за купување на определена стока или услуга, односно колку има влијание цената врз него.

Дистрибуција

При дистрибутивното иследување, најопшто кажано, се проучува:

начинот или каналот на стигнување на стоката или услугата до потрошувачот и неговата можност за чекање доколку се работи за поголеми одредишта на кои треба да се испрати производот.

Комуникација(промоција)

При комуникационото иследување се проучува:

Односите со јавноста Рекламата Личните продажби насочување на продажбите Продажна промоција Директен Маркетинг Во пристапот кон потрошувачите, желбите на купувачот се двигатели на сите стратегиски маркетиншки одлуки. Ни една стратегија не ставена во употреба додека не го помине тестот на истражување на потрошувачите. Секој аспект од пазарното понудување, вклучувајќи ја и природата на самиот производ е воден од потребите на потенцијалните потрошувачи. Секогаш, почетна точка е потрошувачот. Принципот за овој пристап е дека нема причина да се потрошат фондовите за И&Р за развивање на производ што луѓето нема да го купуваат. Историјата сведочи за многу производи што беа комерцијални неуспеси место да бидат технолошки откритија.