Волково — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба Волково Село е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 6 км јужно. Волково Село се наоѓа на источниот обод на Пелагонија. Селото е сместено на североисточните падини на Селечка Планина. Надморската висина на селото е приближно 780 метри. Климата во селото е планинска заради нагласената надморска висина.
Историја Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Волково живееле 98 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волково имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Влаково е претставено како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 14 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Волково живеат 42 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 33 Македонци и 1 Албанец.
Родови
Волково е македонско православно село, сите родови во селото се доселнички.
Родови во Волково се:
Доселеници: Дурлевци (13 куќи) од Мало Рувци прешле во Чумово, а од таму во Волково. Во Чумово нивни роднини се Батковци, го знаат следното родословие: Лазар (жив на 41 г. во 1954 година) Ордан-Ристе-Јосиф-Митре, кој се доселил; Мрсевци (4 куќи) доселени се после родот Дурлевци исто така од Чумово; Пашаќулевци (2 куќи) за нив се вели дека шетале насекаде (Небрегово, Дреново, Прилеп) овде дошол предокот Ристе во 1900 година; Томевци (1 куќа) доселени се од селото Галичани, во Галичани и Беровци имаат истоимени роднини; Деловци (3 куќи) доселени се од Прилепец во 1910 година. Таму имаат истоимени роднини.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1433 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|лево|Црквата „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта Голема Нива — населба од енеолитското време; Петочна Вода — депо на монети од хеленистичкото и римското време; Селски Гробишта — осамен наод од римското време; Гробишта — ранохристијанска црква со некропола; и Долзи Нивје — некропола од железното време.
Цркви Црква „Вознесение Христово“ - Волково Црква „Света Петка“ - Волково
Манастири Волковски Манастир
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Од родот Мрсевци има иселеници во Прилеп (две семејства). Од родот Дурлевци има иселеници во Лагово и Прилеп. Дурлевци се иселени во Старо Лагово. Родот Чурлиновци е изумрен, биле доселени однекаде.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп