Марул — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

Историја Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марул живееле 240 жители Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 244. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Марул е претставен како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 33 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 25 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 лице без податоци.

Родови

Марул е македонско село.

Родови во селото се:

Староседелци: Дамјановци (7 к.), Мурџевци (5 к.), Јанковци (4 к.), Павлевци (2 к.), Грујовци (5 к.) и Соќеровци (1 к.). Доселеници: Таневци (7 к.) доселени се пред нешто повеќе од 200 години од раселеното село Кракоперница; Стевановци (4 к.) доселени се од селото Штавица. И таму се доселиле од некое друго село; Колевци (4 к.) доселени се однекаде; Бабајковци (4 к.) потекнуваат од Бонче. Од таму се иселиле во селото Мусинци, па во 1913 година се доселиле во Марул. И во Бонче биле доселени однекаде; Здравевци (1 к.) по потекло се од Вепрчани во Мариово, пред да дојдат во ова село биле во други; Галабари (1 к.) доселени се од Лопатица.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1496 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп