Стивен Нејсмит (англиски: Steven Naismith), (роден на 14 септември 1983 во Ирвин) — шкотски фудбалер кој игра на крилните позиции, а по потреба и како напаѓач за англискиот клуб Норич Сити и за шкотската фудбалска репрезентација.

Кариера Клубови Нејсмит ја започнал својата кариера во Килмарнок во 2004 година. Тој поминал четири години во тимот од Ершир каде што ги освоил наградите SFWA млад играч на годината во 2006 година и SPFA млад играч на годината следната сезона. Нејсмит му се приклучи на Ренџерс во текот на летото 2007 година за сума од £ 1.9m. Додека играл за клубот од Глазгов освоил три последователни титули во лигата, потоа Шкотскиот куп во 2008 година и Лига купот на двапати во 2010 година и 2011 година. Тој потпишал за Евертон во јули 2012 година по финансискиот колапс на Ренџерс.

Репрезентација Нејсмит го направи своето полно репрезентативно деби во 2007 година против репрезентацијата на Фарски Острови и ототгаш има 45 настапи, во кој постигнал седум голови. Тој го постигнал својот прв гол за Шкотска во поразот од 3–2 од Шпанија на Хемпден Парк на 12 октомври 2010 година, во квалификациите за Европското првенство 2012.

Титули Ренџерс Премиер лига (3) : 2008-09, 2009-2010, 2010-11 Шкотски куп (1) : 2009 Лига куп (1) : 2011

Наводи

Надворешни врски Стивен Нејсмит на soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Шкотски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Килмарнок Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Норич Сити Категорија:Родени во 1986 година