Денко Скаловски (роден на во Скопје) ― македонски доктор по филозофски науки и универзитетски професор по филозофија.

Животопис Скаловски е роден во Скопје во 1956 година. Студирал театарска режија, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Високото образование го продолжил во Скопје и 1981 година, тој дипломирал на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет. Магистрирал во 1992 година со тезата „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал 2000 година на тема „Антиподите на современата филозофија на музиката“.

Тој ги истражувал филозофијата на културата, филозофијата на уметноста (естетиката), филозофијата и родот, етиката и политиколошката публицистика. Се занимава со преведување и редакција на филозофски и социолошки дела од странски јазици, посебно од германски.

Тој работел како редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет во Скопје]]. Почнувајќи од 2010 година, тој бил постојан соработник на Институтот за филозофија при универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Член е на Филозофското друштво на Македонија и на Меѓународното Хегелово друштво, со седиште во Хајделберг, Германија. Скаловски е истакнат активист на Еколошкото движење на Република Македонија од 1989 година. Тој станал потпретседател на Зелената партија на Македонија - ДОМ во 2013 година.

На локалните избори 2013 година, тој бил избран за советник во Советот на Град Скопје.

Библиографија „Во прво лице еднина (Културолошки речник - том 2)“, Аз-Буки, Скопје, 2012 „Етиката и родот“, Филозофски факултет во Скопје, Скопје, 2012 (соавтор) „Седум македонски композитори“, Бигос, Скопје, 2010 „Во прво лице еднина (Културолошки речник - том 1)“, Аз-Буки, Скопје, 2010 „Тодор Скаловски - животот и делото“, МАНУ / Фондација Трифун Костовски, Скопје, 2003 (соавтор) „Филозофија на музиката“, Бигос, Скопје, 2001 „Писма до Македонците“, Бигос, Скопје, 1997 „Етиката на одговорноста“, Бигос, Скопје, 1995 / 2005

Наводи

Надворешни врски Веб страница на Денко Скаловски}

Интервју за Журнал Интервју за „Пресинг“ на ТВ Алфа

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Македонски филозофи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје