Маркнојкирхен () — град во округот Фогтланд, во Саксонија, Германија. Се наоѓа помеѓу Рудните и Фихтелските Планини во Елстерските Планини, 24 километри југоисточно од Плауен и 14 километри североисточно од Аш (Чешка).

Маркнојкирхен е главен град во германскиот регион за правање музички инструменти, кои се познати по својот висок квалитет. Арнолд Фојгт работел тука во поголемиот дел од неговиот живот. Во градот се наоѓа музејот за музички инструмнети основан во 1883 од Паул Ото Апијан-Беневиц. Се јавува како организатор на годишното меѓународно натпреварување и мастер класови.

Градот е дом на Музејот на музички инструменти основан во 1883 од Паул Ото Апијан-Беневиц. Домаќин е на годишното меѓународно инструментално натпреварување. Од 1993 натпреварувањето е член на Меѓународните музички натпревари на Светската федерација.

Историја

мини|лево|Унтерер Маркт

Нотхафт: во век, новото село било основано и го зело името на локалниот благородник: Алберт Нотхафт де Вилдштајн, кој ја поседувал областа и се преселил со семејството од Баварија и Горен Пфалц. Во декретот еден век подоцна, 1378, бил именуван како Nuwenkrichen dictum Nothaft.

Околу 1274 името било прват забележано како Нојкирхен (нова црква). Новиот црковн објект бил спомнат во декрет како Chunradus de Newenkirchen.

Во 1357 (Nuenkirchin) и 1360 (stat) ги добил правата за одржување пазар и се изедначил со статусот со соседните градови Адорф и Елсниц. Плоштадот бил изграден од Фегте фон Плауен со цел да ја заостри борбата со ветинската династија.

Сегашниот изговор Маркнојкирхен, го нема потребното t, кое било отстрането во 1858 со кралски декрет од Дрезден, со цел да се направи разлика од останатите градови Нојкирхен.

Реорганизација

Од 1 јануари 1994 Волхаузен и на 1 март 1994 Брајтенфелд биле припоени кон Маркнојркихен, додека Ландвист во 1999. Ерлбах станал дел на Маркнојкирхен во 2014.

Население

Бројки за население (до 31 декември 1960):

1796: (251 куќа) 1 1801: 1.151 1 1815: 1.602 1 1830: 1.561 1 1834: 2.330 1871: 4.157 1890: 6.652 1910: 8.959 1925: 8.821 1939: 8.303 1946: 8.903 1960: 8.776 1964: 8.576 1971: 8.264 2003: 7.196 2004: 7.128

1: Albert Schiffner: Handbuch der Geographie, Statistik und Topographie des Königreiches Sachsen. Band 1. Leipzig 1839.

Музеи

мини|десно|Музеј за музички инструменти

Musikinstrumenten-Museum Markneukirchen (Музеј за музички инструменти) бил основан во 1883 од Паул Ото Апијан-Беневиц, наставник и оргулар. во тоа време производството на оркестарски инструменти било проширено поради зголемената трговија со многу европски земји и со САД. Во последните 60 години, 3 милиони луѓе го посетиле музејот во Paulus-Schlösschen, барокна градска куќа.

Сообраќај

Првата железничка станица во Маркнојкирхен била на линијата Хемниц-Ауе-Адорф, близу Зибенбрун. Во 1909 железницата Штихбан од Зибенбрун до Ерлбах отворила железничка станица близу поштата и во центарот на градот. Оваа била затворена во 1975 и Зибенбрун на Фогтландбан повторно станала најблиската железничка станица.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Музеј во Маркнојкирхен

Категорија:Фогтланд (округ)