Министерство за земјоделство на САД (, USDA) — министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неисхранетоста и гладот во САД и во странство.

На чело на министерството стои министерот за земјоделство (наречен „Секретар за земјоделство“), кој е член на кабинетот.

Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработениподаток од јуни 2007 г. и годишен буџет од 132,3 милијарди долари.проценка за 2011 г.

Одделенија и служби

Секретар (министер) за земјоделство Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство Потсекретар за фармерски и странско земјоделство Служба за регулатива и запазување Служба за странско земјоделство Служба за управување со ризици Здружение за стоково кредитирање Федерално здружение за земјоделско осигурување Потсекретар за природни ресурси и животна средина Шумарска служба на САД Служба за заштита на природните ресурси Потсекретар за рурален развој Служба за рурално домување Служба за рурална инфраструктура Рурална деловно-кооперативна служба Потсекретар за храна, исхрана и потрошувачки услуги Служба за храна и исхрана Центар за политика и застапништво на исхраната Потсекретар за безбедност на храната Инспекторат за безбедност на храната Потсекретар за научна работа, образование и економија Служба за земјоделска научна работа Служба за заедничка државна научна работа, образование и надградба Служба за економско истражување Национална земјоделска библиотека Национална земјоделска статистичка служба Потсекретар за пласман и регулативни програми Служба за земјоделски пласман Здравствен инспекторат за животни и растенија Управа за инспекција на жито, пакување и складишта

Поврзано Управа за храна и лекови на САД Служба за рибен фонд и дива природа на САД

Наводи

Надворешни врски

Министерство за земјоделство на САД Национална база на хранливи состојки

Земјоделство Категорија:Земјоделство во САД