Петрино — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба Петрино — село во Преспа. Соседни села на Петрино се: од север и исток Болно, од југ со Евла, и од запад со селата Велгошти, Рамне и Скребатно.
Историја Петрино е дислоцирано село, за негова претходна местоположба се спомнува дека било во месноста Старо Село, на околу 4 км северозападно од денешното.
Во век, Петрино било село во нахијата Горна Преспа во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Население На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Петрино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 13 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 118, а во 1961 година - 98. По 1980 година селото е целосно раселено.
Според пописот од 2002 година, во селото Петрино немало жители. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Родови Петрино било македонско село.
Родови во селото биле: Василевци, Јанчевци, Митревци, Раличевци, Ристевци и Темелковци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Болно.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 204 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Старо Село — црква и некропола од средниот век на првобитното место на селото; Кале — населба од римско време и среден век;
Цркви Црква „Св. Јован Крстител“ — главна манастирска црква на Петринскиот манастир. На 22 октомври 1995 година осветен камел темелникот, а на 22 онтомври 2016 година комплетно осветена црквата;ОСВЕТУВАЊЕ НА МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ (ИВАНДЕН), с. Петрино Црква „Св. Симеон Столпник“ — параклис во Петринскиот манастир;
Личности
Мице Кипрев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Крсте Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Ламбе Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Тале Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Ѓорги Василев Караѓозовски — македонски револуционер од ВМОРО. Илија Кипрев Кипревски — македонски револуционер од ВМОРО. Миле Митрев Настевски — македонски револуционер од ВМОРО. Зора Гошева Белева — учесник во НОВ на Македонија
Иселеништво До 1949 година неколку семејства се иселиле во САД, Аргентина и во Бугарија.
Денес ова село е целосно раселено.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Ресенски села Категорија:Села во Општина Ресен
Категорија:Раселени села во Македонија