Њукасл Јунајтед Фудбал Клуб (на англиски Newcastle United Football Club) или ФК Њукасл Јунајтед е англиски фудбалски клуб од градот Њукасл Апон Тајн. Клубот е основан во 1892 со спојување на два локални клуба Њукасл Ист Енд и Њукасл Вест Енд и откако постои ги игра своите домашни натпревари на стадионот Сент Џејмс Парк. Клубот е член на Премиер лигата во сите, освен две сезони од историјата на натпреварувањето, и исто така никогаш не испаднал под второто ниво на англискиот фудбал, откако се приклучил на Фудбалската Лига во 1893 година. Во 2007 година, долгорочниот претседател и сопственик на клубот Сер Џон Хол го продаде својот удел во клубот на Мајк Ешли.

Њукасл има освоено четири лигашки наслови како и 6 ФА Купа, додека нивен најголем успех во евро-турнирите е освојувањето на купот на велесаемските градови во 1969 година како и Интертото Купот во 2006 година. Тие се на 8-мо место по бројот на освоени трофеи меѓу англиските екипи. Најголем соперник на Њукасл му е тимот на Сандерленд со кого го игра популарното Дерби на Тајн и Вер уште од 1898 година. Тимот игра во за нив препознатливата црно-бела комбинација, а главен прекар на клубот е Страчките.

Бои на клубот Главни бои на Њукасл Јунајтед се црната и белата, кој се нормално распоредени од горе надолу. Во почетокот играчите на Њукасл носеле црвени дресови, но како со текот на времето кога сè повеќе тимови во Англија почнуваат да носат црвени дресови како на пр. Ливерпул и Арсенал, ги менуваат своите дресови во црно-бела комбинација. Од тогаш па сè до денес боите на клубот се тие и во оваа комбинација Њукасл ги игра своите домашни натпреврари. Што се однесува до дресовите за гостинските натпревари тие се менувале со текот на времето, во почетокот биле сини, подоцна жолти, па сиви, црни, зелени, а моменталните гостински дресови на клубот се со бордо-црна боја.

Стадион Низ историјата на Њукасл Јунајтед, нивниот дом секогаш бил Сент Џејмсис Парк-најстариот и најголемиот фудбалски стадион во Севернo-Источна Англија, а шести по големина фудбалски стадион во Обединетото Кралство. Тој бил домаќин на 10 меѓународни фудбалски натпревари на сениорско ниво, од кој првиот во 1901 година, а последниот во 2005 година. Сент Џејмс Парк беше употребен како место на кое се играше фудбал и на Летните олимписки игри 2012 и исто така ќе се користи за претстојното Светско првенство во рагби во 2015 година. Капацитетот на стадионот е 52 404 места за седење. Во ноември 2011 година сопственикот на Њукасл Мајк Ешли ги продал правата на стадионот на спонзорите, па името на стадионот е променето во Спортс Дајрект Арина.

Навивачи мини|500px|десно|Панорама на Сент Џејмс Парк Навивачите на Њукасл, сите заедно, се познати под едно име Toon Army (превод на мак. Тун армија), но исто така познати се и некој прекари на навивачките групи како Geordies (жордицата) и the Magpies (страчките). Geordies ги нарекуваат заради тоа што така се нарекуваат луѓето кој живеат во градот Њукасл, додека the Magpies или страчки заради боите на клубот, којшто се исти со боите на пердувите на оваа птица (црно бела боја). Многу англиски медиуми велат дека Тун Армијата е една од најдобрите навивачки групи во Англија и на Островот, а најдобар доказ за тоа е посетеноста на Сент Џејмс Парк кој е еден од најисполнетите стадиони во Англија за време на натпреварите. Освен во Англија Њукасл Јунајтед има навивачки групи и во други делови на светот како на пр.: во Скандинавија, Исланд, Австралија, САД, Италија итн. Од познатите личности навивачи на Њукасл Јунајтед се и: поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, потоа гитаристот на Ајрон Мејден Џеник Герс, и фронтменот на AC/DC Брајан Џонсон.

Соперници Покрај Сандерленд со кого го игра Дербито Тајн и Вер, втор најлут соперник на Њукасл Јунајтед е Мидлсбро со кој се среќава во Дербито Тајн и Тис.

Играчи Моментален состав

Тренерска историја на Њукасл Јунајтед

Име и презимеНационалностОдДонепознато(n/a)18921929Енди Канингем19301935Том Матер19351939Стан Сејмур19391958Џорџ Мартин19471950Даг Ливингстон19541956Чарли Мајтен19581961Норман Смит19611962Џо Харви19621975Гордон Ли19751977Ричард Динс19771977Бил МекГари19771980Артур Кокс19801984Џек Чарлтон19841985Вили МекФол19851988Џим Смит19881991Освалдо Ардилес19911992Кевин Киген 19921997Кени Далглиш19971998Руд Гулит19981999Сер Боби Робсон19992004Грејм Сунес20042006Глен Редер20062007Сем Алардајс20072008Кевин Киген20082008Џо Кинар20082009Алан Ширер20092009Крис Хјутон20092010Алан Пардју20102015Џон Карвер20152015Стив Мекларен20152016Рафаел Бенитес2016

Титули Прва дивизија (4) : 1904–05, 1906–07, 1908–09, 1926–27 Чемпионшип лига (3) : 1964–65, 1992–93, 2009–10 ФА Куп (6) : 1910, 1924, 1932, 1951, 1952, 1955 ФА Комјунити Шилд (1) : 1909 ФА куп за млади (2) : 1962, 1985 Куп на велесаемските градови (1) : 1969 Интертото куп (1) : 2006

Наводи

Надворешни врски Официјална Фејсбук страна Официјална Твитер страна Newcastle United News – Sky Sports

Њукасл Јунајтед