Швиц (германски: Schwyz) е еден од кантоните во Швајцарија. Швиц се наоѓа во централна Швајцарија и името потекнува од градот Швиц, кој е и главен град на кантонот. Швиц е еден од основачите на Швајцарската Конфедерација и по него е добиено името на Швајцарија. Покрај тоа, грбот на кантонот е извор за знамето и грбот на Швајцарија.

Географија

Вкупната површина на Швиц е 908.2 км2. Околу 41% од вкупната површина на кантонот е обработлива, 33.7% е прекриена со шума, 5.4% е населена и 20% е непродуктивна.Swiss Federal Statistical Office accessed 24-February-2012

Кантонот се наоѓа во централна Швајцарија. Низ кантонот течат реките Шил и Муота. Во рамките на кантонот се и делови од Циришкото Езеро, Езерото Цуг и Езерото Луцерн, а целосно во кантонот се езерата Лауерц и Шил.

Административна поделба

Канотнот е поделен на 6 окрузи и 30 општини.

окрузи општини Швиц Швиц, Арт, Ингенбол, Муотатал, Штајнен, Зател, Ротентурм, Обериберг, Унтериберг, Лауерц, Штајнерберг, Моршах, Алптал, Илгау, Рименшталден Ајнзиделн Ајнзиделн Герсау Герсау Хефе Волерау, Фрајенбах, Фојзисберг Киснахт Киснахт ам Риги Марх Лахен, Алтендорф, Галгенен, Фордетал, Инертал, Шибелбах, Туген, Ванген, Рајхенбург

Демографија

Швиц има население од 146.730 жители според податоците од 2008 година. Околу 15.6% од населението се странци. Најголем дел од населението зборува германски, односно 115.688 жители (89.9%). Втор најзборуван јазик е српскохрватскиот со 2.667 жители или 2.1% и трет е албанскиот со 2.477 жители или 1.9%.

Наводи

Поврзано Швајцарија Кантони во Швајцарија

Надворешни врски Официјално мрежно место на германски

Категорија:Кантони во Швајцарија Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Земји во Светото Римско Царство