Чифлик — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Каршијак на јужното подножје на планината Водно.
Население
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 636 жители, од кои 634 Албанци и 2 Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 726 жители, од кои 9 Македонци, 707 Албанци и 10 лица без податоци.
Родови
Чифлик е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото
Доселеници: Фазлиалар (10 к.) и Мизиралар (15 к.) имаат исто потекло. Доселени се од Долен Дебар во Албанија (околината на Пешкопеја). Овде живеат од крајот на XVIII век. Во првиот род се знае следното родословие: Осман (жив на 55 г. во 1950 година) Реџеп-Муро-Осман-Јусуф-Фазлија, кој се доселил; Рекалар (12 к.) доселени се во исто време со претходните два рода од селото Рибница во Горна Река. Таму се доселиле од Албанија, непознато кога; Кољча (9 к.) за нив мислат дека биле поалбанчени Македонци. Овде мешајќи се со албанците се поалбанчиле. Иако они тврдат дека се доселени од некое место Колтрак во Албанија.
Поврзано Каршијак Општина Сопиште Сопиште
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Чифлик на Карти на Гугл