Јужна Африка пренасочува тука. За регионот видете Јужна Африка (регион). За други значења, видете Јужна Африка (појаснување).

Јужноафриканската Република, Јужна Африка или ЈАР е република сместена на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.

Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население вон Азија, како и најбројна обоена (од мешано евроафриканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата и политиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика во 1990, по долга борба со мнозинството црнци, како и многу белци, обоени и Индијци од Јужна Африка.

Земјата е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар и редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја.

Историја

thumb|left|200px|Карта на политичката поделба на регионот Јужна Африка во 1885 година. Територијата на денешната Јужноафриканска Република била населена уште од најраните времиња. Во оваа земја денеска се наоѓа едно од најстарите археолошки наоѓалишта на светот. Остатоци од австралопитек (Australopithecus africanus) биле пронајдени кај Таунг и во пештерите Стеркфонтејн, Кромдраи и Макапансгат, од кое произлегува дека овде имало живот пред околу 3 милиони години. Во времето на миграциите си, племето Банту ја преминале реката Лимпопо и ја населиле територијата на денешната држава. Главно занимање на населението било земјоделството и сточарството. Племињата кои претходно живееле на овие простори околу 20.000 години биле или протерани или асимилирани.

Во 1487 година, португалецот Бартоломео Дијас бил првиот Европеец кој престигнал на ова подрачје. Во 1497 година, Васко де Гама пловел околу територијата на земјата, покрај Јужна Африка кон својот пат за Индија. Областа на исток од земјата ја нарекол Натал, бидејќи неговата експедиција овде престојувала за време на Божик.

Холандска колонизација Сепак почетокот на новата историја на Јужна Африка денеска се препишува на калвинистот Јан ван Рибек. На 6 април 1652 година, по налог на Холандската источноиндиска компанија тој основал станица за снабдување на бродови. Благодарение на својата стратегиска позиција, таа станица би требало да служи за одмор на трговските бродови кои патувале од Европа кон југоисточна Азија. Кон втората половина на XVII век и почетокот на XVIII век, таа холандиска станица односно населено место започнала да се зголемува. Во почетокот, населувачите се распространувале во регионот на Весткап. Во 1770 година истите престигнале до границата со племето банту, со кое започнала редица од војни. Холандија довеле голеа број на робови од Индонезија, Мадагаскар и Индија. Во почетокот на 1743 година, бројот на т.н. црни робови бил значително поголем од бројот на местното население кое се населило на овие простори. Со текот на времето, наследниците на црните робови честопати се жениле со белите дојденци. Така, денеска заедно со бушманите тие сочинуваат 50% од вкупното население на Западно’ртската покраина.

Британска колонизација Велика Британија врз областа зазела целосна контрола во 1795 година. Бидејќи веќе имала свои колонии во Австралија и Индија, Велика Британија сакала Кејптаун да го користи како трговска станица за долгите патувања. Сепак, според Амбиенскиот мировен договор од 1802 година, Британија морала да ја врати територијата на Холандија, но во 1806 година тие повторно ја зазеле и повторно основале колонија, главно поради банкрот на Холандската источноиндиска копмпанија. На почетокот од XIX век, племето Зулу успеало да ги прошири своите територии. Во 1833 година, британската влада го забранила ропството, по кое следувале голем број на конфликти. Во тој период била основана Јужноафриканската република. Откривањето на дијамантот во 1867 година и златото во 1884 година на овие подрачја, дополнително придонело за економски развој и имиграција. Секојдневните конфликти доведувале до постојани војни помеѓу европското население и домородците. Следувале т.н. Бурски војни. Во Првата бурска војна (1880-1881) местното население забележило определени резултати, но во Втората бурска војна (1899-1902) сепак Британија била поуспешна.

По крајот на војните, во 1910 година бил основан Јужноафрикански сојуз од четирите колонии Натал, Трансвал, Фристејт и ’Ртската Колонија. Во 1934 година станало обединувањето на британската јужноафриканска партија со бурската национална партија во т.н. Обединета партија чија главна цел била помирувањето на белото и црното население. Тој сојуз се распаднал во 1939 година. По крајот на Втората светска војна, белото население успеало да ја зачува својата власт. Во втората половина на XX век започнала војна помеѓу истите страни. Во 1976 година, органите на редот убиле 176 црни демонстранти и студенти. Но по големите притисоци од светската јавност, сепак во 1994 година се одржиле првите избори на кои Африканскиот нациопнален конгрес победил убедливо и од тогаш сѐ уште е на власт. Нелсон Мандела станал првиот црн претседател на земјата, кој во 1993 година добил Нобелова наградаза мир.

Географија и клима Географијата на Јужноафриканската Република е разновидна и опфаќа широк спектар на пејзажи, клими и природни карактеристики. Лоцирана на јужниот дел од африканскиот континент, земјата се протега помеѓу Атлантскиот и Индискиот Океан, со долго крајбрежје. Граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Есватини, додека Лесото е целосно опкружено од нејзината територија. Централниот дел го сочинува пространа висорамнина, позната како Хајвелд, опкружена со Големиот Ескарпмент, кој ги одделува внатрешните височини од крајбрежните низини. Највисок врв е Табана Нтлењана во планинскиот венец Дракенсберг. Крајбрежните низини се тесни, особено во регионот на Кејптаун, додека на северозапад се протега дел од пустина.

Политички систем мини|лево|Парламентот во Кејптаун, седиште на законодавната власт

Административна поделба thumb|300px|Карта на деветте покраини во Јужноафриканската Република. Јужноафриканската Република е поделена во девет покраини:

Западен Кејп¹ (Кејптаун) Северен Кејп (Кимберли) Источен Кејп (Бишо) Натал (Питермарицбург²) Фристејт (Блумфонтејн) Северозападна (Мафекинг) Гаутенг (Јоханесбург) Мпумаланга (Нелспруит) Лимпопо (Полокване)

¹: Принц Едвардовите Острови се јужноафриканска територија која се смета за дел од Западниот Кејп.

²: Питермарицбург и Улунди биле два главни града на Натал од 1994 до 2004 година.

Стопанство

Население, јазик и религија

Според последниот попис одржан во 2007 година, населението на Јужноафриканска Република изнесува 43 997 828 луѓе. Следуваат статистички податоци за старисната структура на населението:

(2001) од 0 до 14 години: 32.1% (мажи 7 170 000; жени 7 210 000) од 15 до 64 години: 63% (мажи 18 000 000; жени 14 740 000) од 65: 4.9% (мажи 800 000; жени 1 390 000) (2009) од 0 до 14 години: 28.9% (мажи 7 093 328; жени 7 061 579) од 15 до 64 години: 65.8% (мажи 16 275 424; жени 15 984 181) од 65: 5.4% (мажи 1 075 117; жени 1 562 860)

Во земјата се користат 11 службени јазици: африкански, јужен ндебеле, кхоса, зулу, свази, северен сото, јужен сото, цвана, цонга, венда, коса и зулу.

Религија Христијани - 40,705,560 Муслимани - 852,210 Без Религија - 613,624 Хиндуисти - 753,524 Будисти - 100,260 Народна Религија - 200,520 Евреи - 50,130 Други - 150,390

Култура

thumb|Зулу-танчери Јужна Африка е позната по својата етничка и културна разновидност. Оттаму и не постои една единствена култура на Јужна Африка. Во Јужна Африка сè уште има значителен број на црно население кое живее во руралните средини и кое води многу сиромашен живот. А кај овие луѓе пак најмногу се почитува традицијата, бидејќи многу црнци се урбанизирале и го прифатиле западниот начин на живот, а погледите кон традиционалната култура ги занемариле. Урбанизираните црнци зборуваат англиски, но го зборуваат и нивниот мајчин јазик, африканс. Тие мала но значајна група која ги зборува Коисанските јазици, кои не припаѓаат во групата на единаесетте службени јазици, но се едни од други девет признати службени јазици. Постои мала група која ги зборува јазици кои се пред прагот на изумирање, тоа се најчесто којсанското семејство, кои немаат никаков статус. Сепак, некои групи во Јужна Африка се обидуваат да ја промовираат употребата на јазиците и нивното заживување.

Припадниците на средната класа, кое вклучува и црно и бело население, индиско население, имаат сличен начин на живот како луѓето од Западна Европа, Северна Америка и Австралазија. Припадниците на средната класа најчесто учат и работат во странство за подобра изложеност во светските пазари.

Индијците од Јужна Африка го зачувале своето културно богатство, јазик и религиозни верувања без разлика на тоа дали се христијани, хиндуисти или сунити или луѓе кои го зборуваат англискиот јазик. Индиските јазици како што се хиндискиот, телугу, тамилскиот и гуџарати јазиците се зборуваат многу поретко како втор јазик. Првите Индијци пристигнале со бродот Труро за да работат како чираци на полињата со шеќерна репка во Натал, додека пак други дошле како трговци. Бранот имиграција по апартхејдот на Јужна Азија ( вклучувајќи го и Пакистан ) исто така влијаел врз културата на Индијците од Јужна Африка. Постои помала заедница на Кинези од Јужна Африка, сочинета од првите имигранти, имигранти од Тајван од ерата на апартхејдот и имигранти од Кина од ерата по апартхејдот.

Уметност Најстарите уметнички предмети се откриени во пештера во Јужна Африка. Тоа се мали школки во форма на полжав кои се нижеле на конец и служеле како ѓердан, а датираат од пред 75 000 години. Јужна Африка е лулка на човековиот род. Една одлика на нашиот род е уметноста ( потекнува од латинскиот збор ‘ars’ со значење изработена или составена од основен материјал ).

Распрснатите племиња на Коисан етничката група, која се населила во Јужна Африка 10 000 години п.н.е, имаат свој сопствен уметнички стил претставен на мноштвото цртежи во пештерите. Овие цртежи биле заменети со јазични уметнички форми на Банту етничката група. Во XX век, традиционалните племенски уметнички форми биле заменети и повторно соединети со политиките на апартхејдот.

Нови уметнички форми се создале во рудниците и областите, динамична уметност која е претставена од пластични ленти до спица од велосипед. Уште од 1850-тите години, холандската народна уметност, која влијаела врз африканските Трекбоерс ( Trekboers ) и урбаните бели артисти сериозно ја следеле промената на европските традиции , воедно и придонеле за оваа еклектична мешавина која и ден-денес се развива.

Архитектура Архитектурата на Јужна Африка ја отсликува богатата етничка и културна разновидност на земјата и нејзиниот историски колонијален период. Понатаму, влијанијата од други подалечни земји придонеле во разновиодноста на архитектонската сцена на Јужна Африка.

Херберт Бејкер, еден од највлијателните архитекти, ги дизајнирал Union Buildings во Преторија. Други позначајни објекти се Rhodes memorial и катедралата Свети Џорџ во Кејптаун и колеџот Свети Џон во Јоханесбург.