Првце — село во Општина Теарце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

мини|лево|300п|Куќа во селото

Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, на територијата на Општина Теарце. Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри.

Првце е мало село на Шар Планина, на висорамнина од околу 1.050 метри. Водата за пиење во селото доаѓа од една чешма, која е во селото.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Душк, Воре (Гробишта), Цигар, Кодра Мулајн, Равштаја, Дамњан-камен, Присој, Кштење, Папрадница, Карпа, Буршаи Милованит (Милованова Црешна), Збирало, Кепи Самар, Кепи Стој Камен, Ливад, Шулан, Те Џибрет и Аишта.

Селото има збиен тип, не е поделено на маала.

Историја

Првце е старо село, кое било населено со албанци. Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 17 немуслимански семејства (домаќинства), католички албански семејства. Кон краjот на XIX век Првце веќе било наполно албанско село во Тетовска Каза, во кое живееле 70 Албанци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Првце имало 70 жители, сите Албанци.

Во 1912 година влегува во рамките на Кралството Србија, кадешто е во рамките на општина Вратница.

Селото било наполно раселено во 1971 година, кога што броело 109 жители, албанско население.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7 км2.

Население

Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 17 немуслимански семејства (ханета), католички албански семејства. Кон краjот на XIX век Првце веќе било наполно албанско село во Тетовска Каза, во кое живееле 70 Албанци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Првце имало 70 жители, сите Албанци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 211.

Во 1914 година има 130 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.

Селото било наполно раселено во 1971 година, кога што броело 109 жители, албанско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Првце живееле 27 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови

Првце е албанско муслиманско село, иако до почетокот на во него живеело само македонско православно население. Доселените Албанци се од северниот дел на Албанија.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Доселеници: Кикировци (7 к.), по потекло се од фисот Бериша во северна Албанија. Роднини имаат во Одри и во Радуша; Колесњан (10 к.), доселени се од селото Колесњан во Љума, северна Албанија. Имаат роднини во Одри; Топојан (6 к.), доселени се од истоименото село Топојани во Љума, северна Албанија.

Иселеништво

Од старите македонски родови кои живееле во селото сега се знае само за родот Стееќевци (28 к.) кои се иселиле во соседното село Одри.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Селската џамија

Во век, Првце било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Теарце, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Теарце.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Вратница, во која покрај селото Првце, се наоѓале и селата Беловиште, Вратница, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Рогачево и Старо Село. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Доброште, во која влегувале селата Доброште, Нераште и Првце.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2015 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Одри.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 823 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Џамии Џамија — главна селска џамија

Личности

Родени во или по потекло од Првце Јонуз Јусуфов (роден во Првце, живеел во Доброште) — арнаутско-качачки бандит криминалец, главен преводник на сардисувањето на Лешочкиот манастир во 1905 година; и Бари Шабани (р. 1954) — државен правобринител на Тетово и поранешен државен секретар во Министерството за правда на Македонија

Поврзано Полог Општина Теарце Теарце

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Теарце Категорија:Раселени села во Македонија