Евла (или Долно Елевци) — поранешно село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано дури во век (1930 г.). Името доаѓа од зборот евла, што е изведен од старословенскиот збор ехла.

Географија и местоположба

Селото се наоѓало јужниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓало на областа Дебарска Жупа, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Струга.

Селото лежи на западните падини на планината Стогово.

Покрај селото поминува регионалниот пат 2249, од каде може да се забележи единствениот остаток од селото, а тоа е некогашното минаре на селската џамија.

Историја Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4 км2.

Население

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 7 домаќинства со 18 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 190 жители, од кои 60 жители Македонци христијани и 130 Турци муслимани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261. На етнографската карта на Битолски Вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Евла – дел од Дебарски Санџак – е прикажан како село со 37 домаќинства и мешано население составено од Македонци, Торбеши, Албанци и Турци.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела).  Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 44.  Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Евла имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 100 Турци.

Селото е наполно раселено по 1961 година, кога што броело само двајца жители, албанско население.

Според пописот од 2002 година, селото Евла немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Евла било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната општина Евла, која била составена од селата Долгаш, Евла и Елевци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0570 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Елевци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 216 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 227 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Џамии Руини од поранешна џамија

Споменици Споменик во чест на загинатите борци во НОБ

Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа Категорија:Раселени села во Македонија