Праленик — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, недалеку од брегот на Дебарското Езеро. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 14 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 2249.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 55 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 40 хектари, а на пасиштата 26 хектари.

Селото, во основа, има главно полјоделска функција.

Население

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 30 домаќинства со 24 жители христијани (Македонци) и 52 муслимани (Турци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Праленик живееле 270 жители, од кои 20 жители христијани Македонци и 250 муслимани Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261. На етнографската карта на Битолски вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Праленик – дел од Дебарски Санџак – е прикажан како село со 82 домаќинства и мешано население составено од Македонци, Македонци муслимани, Албанци и Турци.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела).  Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 44.  Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Праленик имало 8 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.

Селото е мало и е населено со турско население. Така, селото во 1961 година броело 93 жители, додека во 1994 година имало 146 жители.

Според пописот од 2002 година, селото Праленик имало 177 жители, од кои 176 Турци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 144 жители, од кои 137 Турци и 7 лица без податоци.

Родови

До почетокот на XX век, во селото имало и помал број македонско христијанско население, но по нивното иселување до денес, во Праленик целосното население го сочинуваат Турци.

Праленик е турско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се: Доселеници: Ќоселер (4 к.), Исмаилар (3 к.), Емролар (5 к.), Сезаирлар (2 к.), Асанлар (3 к.), Рамколар (3 к.), Бизадлар (2 к.), Адилер (2 к.), Јашарлар (2 к.), Мамутлар (3 к.) и Качорлар (2 к.), сите се доселени од селото Коџаџик во XIX век.

Иселеништво

Од ова село турски иселеници до 1954 година има во Турција (7 семејства) и тоа во, Маниса, Измит, Бергама, Ада Пазар, едно семејство се иселило и во Тирана во Албанија.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во селото

Основно училиште „Неџати Зекерија“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Неџати Зекерија“ - Коџаџик

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Праленик било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0567 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Осолница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 187 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Џамии Џамија — главна селска џамија

Галерија

Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа