Крнино — село во југоисточниот дел на Општина Чашка, Велешко.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Сместено е во ридски предел, на надморска височина од 760 м, а атарот му зафаќа површина од

Историја Подрачјето на Крнино е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Србиница, 1,5 км североисточно од селото.

Во XIX век Крнино било чисто македонско село во Велешката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 240 жители Македонци христијани.

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Крнино (Karnino) живееле 376 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118-119.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Крнина (Krnina) како македонско христијанско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Стопанство Селото има полјоделско-сточарска функција. Според податок од 1990-тите, 495 ха отпаѓале на пасишта, 397 ха на шуми и само 78 ха на обработливо земјиште.

Население

Населението на селото значајно пораснало на почетокот на XX век. По Втората светска војна е забележано располовување на бројноста. Во текот на 1950-тите населението значително опаднало на (42 лица во 1961 г.) и продолжило експоненцијално да опаѓа во наредните децении.

Според пописот од 2002 година, Крнино имало 3 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Општествени установи Црква „Св. Никола“ од XIX век, дело на познатиот мајстор Андон Китанов

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Србиница — населба и некропола од римско време

Иселеништво Според истражување направено во 1920-тите, родот Крнинци (3 куќи) во селото Долно Чичево, Општина Градско бил доселен од Крнино, но не е даден податок кога.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Чашка Категорија:Раселени села во Македонија