Иван Бекјарев (Белград, 6 април 1946 — Белград, 16 ноември 2020) — српски филмски и театарски глумец од македонска народност.
Животопис Родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија. Татко му Георги од Ума, дошол во Белград, пред Втората светска војна, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија) во Белград дошла 1945 година. Татко му на Иван, пред војната го сменил на српски своето презиме во Беќаревиќ, но после Ивановото раѓање повторно го преименувал во Бекјарев, како би ги избегнал непријатностите затоа што се така презивал Бошко Беќаревиќ, шеф на белградската Специјална полиција која соработувала со Германците во текот на војната. Ивановиот татко 1952 год. службено е преместен во Краљево. После завршетокот на основното училиште, се запишал во Шестата белградска гимназија, а потоа и на Факултет на драмски уметности. За приемен на факултет го спремале Миќа Томиќ и Оливера Марковиќ. Заедно со него студирале Јосиф Татиќ и Милан Гутовиќ.
Кариера Прва улога во филм ја одиграл 1967 година, во филмот „Боксерите одат во рај“, каде главната улога ја толкувал Мија Алексиќ.
Славата ја стекнал со улогата Вујковиќ во ТВ серијата „Бањица“ (1984) и Стевица Курчубиќ во ТВ серијата „Подобар живот“ (1987, 1990).
Иван Бекјарев бил кандидат за народен пратеник на списокот на Движење на сила во Србија на изборите за Народно собрание на Србија 2007. Долги години Бекјарев се занимава со педагошки ред, како редовен професор на глума на Академијата на уметностите БК каде е 2001 биран како вонреден и 2006 редовен професор.Биографија на сајту Академије уметности Неговите студенти биле Милан Калиниќ, Ива Штрљиќ, Александра Балмазовиќ, Данијел Николиќ.
Наводи
Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Македонци во Србија Категорија:Југословенски глумци Категорија:Српски филмски глумци Категорија:Српски театарски глумци Категорија:Срби од 21 век Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Луѓе со потекло од Гевгелија Категорија:Луѓе со потекло од Ума