Кемницер Ланд () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) округот Митвајда, градот Кемниц, окрузите Штолберг и Цвикау и покраината Тирингија (округ Алтенбург).

Историја

Историјата на областа главно е под влијание на соседните градови Кемници Цвикау. Во средниот век, градот Глаухау, главен град на поранешниот округ, бил центар на земјата Шенбург-Глаухау. Владата на Источна Германија се обидела да го претвори регионот во огромен индустриски комплекс, што е причина за густината на население.

Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Глаухау и Хоенштајн-Ернстал. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикау, Кемниц и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.

Географија

Некогаш густо пошумена област, Кемниц сега е високоурбанизиран регион со само неколку зелени области. Реката Цвикауер Мулде тече низ северниот дел на округот.

Грб

100п|ГрбЛавот е хералдички лав на Саксонија. Црвената и белата лента се преземени од грбот на грофовите на Шенбург-Глаухау.

Градови и општини

ГрадовиОпштини Глаухау Хоенштајн-Ернстал Лихтенштајн Лимбах-Оберфрона Меране Оберлунгвиц Валденбург Бернсдорф Каленберг Герсдорф Нидерфрона Обервира Ремзе Занкт Егидин Шенберг

Надворешни врски

Официјална страница